Category Archives: ЗАБАВА

ТОМБ РАЈДЕР: Новата Лара Крофт

Актерката Алисија Викандер е подготвена да влезе во чевлите на Анџелина Џоли и да ја игра Лара Крофт 15 години по последниот филм на Џоли, Tomb Raider: The Cradle of Life.
Поставувањето на ликот на Викандер не се базира на Лара Крофт од претходните филмови. Од облеката на Викандер до новото опкружување што го истражува во филмот, тој е основан на соодветните игри од 2013 и 2015, Tomb Raider и Rise of the Tomb Raider. Не е на одмет да се погледнат и компјутерските игри кои имаат прекрасна графика и приказна која прави да сочуствуваме со ликот на Лара.

Tomb Raider ќе биде објавен на 16 март, 2018 година.

Трејлер за филмот на следниот ЛИНК .

 Трејлери од игрите

Леон Кровли – Ирски гениј за билијард (ВИДЕО)

Леон на само 11 години успеа да стигне до финалето на У 18 и полуфиналето на У 21 во Карлоу за време на викендот, кој сега го доби националниот рејтинг број 2, наскоро да биде број 1.
Видеото од малиот гениј може да го видите на следниот ЛИНК.
                                                                                                                                                           Автор: Наташа Костовска 

Неверојатен гол од пенал со заврзани очи (ВИДЕО)

Финскиот играч Пека Сихвола даде неверојатен гол со врзани очи.

Предраг Јанчески

Почна Октоберфест во Минхен

Градоначалникот на Минхен, Дитер Рајтер, точно напладне го отвори најголемиот панаѓур на светот – Октоберфест со два удари и традиционалниот извик „О’цапфт ис!

Првата кригла со пиво традиционално ја доби премиерот на Баврија, Хорст Зехофер. Цената на една кригла, која инаку собира еден литар пиво, на годинешниот 184-ти Октоберфест чини 10,95 евра и е 25 центи повисока отколку лани.

На панаѓурот се очекуваат околу 6 милиони посетители од цел свет.

Извор: dw.com/mk

 

Наскоро нова македонска тв серија “Фамилијата Марковски” (ВИДЕО)

Македонија, 2017 година. Фамилијата Марковски се соочува со многу предизвици што ги носи животот во едно општество со константни политички и социјални турбуленции.

„Фамилијата Марковски“ е нова играна ТВ серија од осум епизоди, чие дејствие е инспирирано од вистинити приказни од секојдневието на македонските граѓани.

Главни протагонисти се членовите на фамилијата Марковски. Бојан е 15-годишно момче чија пасија е снимање на видео – блогови (влогови) што од забава стануваат негова моќна алатка за иницирање на промени.

Неговата сестра, Јана (27) е млад амбициозен архитект која се соочува со морална дилема – дали да застане зад сомнителните проекти на архитектонското студио во кое работи, а го води нејзиното момче, или да го зачува сопствениот интегритет.

Виктор (24), постариот брат на Бојан, и покрај магистерската диплома се мачи да најде работа, а паралелно крие и огромна тајна од своите најблиски.

Иван, таткото на Бојан, чии планови и амбиции се распаѓаат во времето на приватизацијата, прифаќа разни ангажмани и привремени работи играјќи на картата на политичка неутралност.

Лиле, мајката на Бојан, е најголемиот поборник за правда во фамилијата Марковски, чија издржливост е ставена на тест откако е присилена да учествува во сомнителни активности на своето работно место.

Проектот ТВ серија „Фамилијата Марковски“ е во продукција на АРТ ПРОЕКТ ЛАБ од Скопје и е овозможен со поддршка од Агенцијата на САД за меѓународен развој УСАИД.

„Фамилијата Марковски“ наскоро ќе почне да се емитува на телевизијата „Канал 5“.

Режисер на ТВ серијата е Даријан Пејовски.

Главните улоги ги толкуваат: Петар Петковски, Тамара Ристоска, Владимир Петровиќ, Александар Микиќ и Силвија Стојановска.

Ви го прикажуваме трејлерот за новата македонска серија „Фамилијата Марковски“ која наскоро ќе почне да се емитува на телевизијата „Канал 5“.

Извор: Фамилијата Марковски

Spathiphyllum-“Женска среќа”

Ова е многу интересно собно растение кое се нарекува – Женска среќа. Легендата за ова растение кажува дека им помага на девојките да го запознаат својот брачен другар, на мажените жени им помага во подобрување на фамилијарните односи, а на оние жени кои немаат деца се смета дека им помага да станат мајки. Па според тоа го добило и своето име бидејќи ја поттикнува среќата кај жените.
Но, за да влијае на среќата ова растение бара нега и љубов. Само во грижливи раце Spathiphyllum цвета. Се смета дека ако се појави цвет на ова растение, ќе ви се оствари вашата желба.
Ова растение нема стебло, а листовите му се овални или шилести и растат директно од земјата. Не бара многу светлина, а оптималната температура која му одговара е 22 – 23 степени.
Што се однесува до наводнувањето, зимно време се наводнува помалку за да не замрзне коренот.

Жените кои веќе ја искусиле среќата, им носеле на своите другарки коренчиња од ова цвеќе, за да и тие ја доживеат магичната моќ на ова растение. Па така денес, Spathiphyllum е едно од најраспространетите и најомилените подароци на женскиот пол.
Па ако сакате да направите некоја девојка, среќна жена слободно подарете и ,,Женска среќа,,. Одамна жените забележале дека постоењето на оваа убава билка во домот, привлекува со себе добри промени, особено во љубовните односи. Девојките го пронаоѓале својот избраник, девојките во врска – набрзо добивале понуда за брак, а мажените жени живееле среќен брачен живот. Оние жени кои немале деца, станувале мајки.

Теретана – брод брилијантен начин да се поттикнат луѓето на вежбање

Првиот теретана – брод кој ја користи човечката енергија за пловење го изградила Италијанската фирма Carlo Ratti Association.Бродот го носи името “The Paris Navigating Gym” и ќе се користи за пловење по реката Сена во Париз.

Бродот е долг 20 метри и може да прими 45 луѓе. “Оваа теретана-брод го истражува потенцијалот на користење на човечката сила”, кажа Carlo Ratti. “Фасцинантно е да се види како енергијатата се генерира со вежбањето во теретана, која може да се искористи за погон на брод. Тоа претставува едно очигледно искуство, зад често пати апстрактниот поим за “електрчната енергија”. Иако концептот е се уште во развој, дизајнерите проценуваат дека првиот теретана-брод, ќе може да се види кон крајот на 2017!

The Paris Navigating Gym, функционира со претворањето на кинетичката енергија (која се произведува на некоја направа за вежбање) во електрична енергија. Меѓутоа, ако нема доволно патници на бродот, тој ќе може да се движи со помош на фотонапонските ќелии на кровот. Уште една причина да се посети Париз!

“НА ТЕРАПИЈА” е новата Македонска ТВ серија (ВИДЕО)

„На терапија“ е првата македонска ТВ серија снимена според странска лиценца, во продукција на КИНО ОКО. Емитувањето на серијата ќе започне во септември 2017 година.

Серијата, во која глумат домашни актери, содржи 45 епизоди адаптирани од македонски автори и реализирани со екипа од македонски ТВ и филмски професионалци.

Оригиналната серија „На терапија“ потекнува од Израел и е креирана од Нир Бергман, Ори Сиван и Хагаи Леви. Леви е познат и по работата на серијата „The Affair“ наградена со неколку Златни глобуси.

Серијата веднаш се здобива со популарност, ласкави критики и неколку високи признанија, вклучувајќи ги наградите „ЕМИ“ за најдобар актер и актерка, наградата „Златен глобус“ за најдобар актер и наградата за нова серија на Синдикатот на писателите на Америка (Writers Guild of America).

Концептот на серијата доживува планетарен успех и се снимаат посебни верзии за Канада, Аргентина, Бразил, Јапонија, Чешка, Полска и Италија.

Во Балканскиот регион досега се снимени романска верзија (HBO Central Europe), словенечка верзија (POP Brio) со Игор Самобор во главната улога, српска верзија (Fox Television) со Мики Манојловиќ во главната улога и хрватска верзија (HTV).

Во македонската верзија на хит серијата игра исклучителна актерска екипа предводена од Никола Ристановски во улогата на психотерапевт, заедно со Јелена Јованова, Амернис Нокшиќи, Тони Наумовски, Ангела Димитрова, Драгана Костадиновска, Висар Вишка и Бедија Беговска.

Повеќе информации за серијата ќе најдете на страната www.naterapija.mk

Извор:  www.naterapija.mk

Smart Vision EQ Fortwo автомобилот на иднината (ВИДЕО)

Smart го претстави електричниот концепт Vision EQ Fortwo, кој во себе ги вклучува сите карактеристики на мал урбан автомобил на иднината.

Стратегијата на индивидуалниот транспорт на иднината во големите светски градови подразбира зголемена употреба на автомобили управувани од алтернативни погонски системи, главно електрични мотори, со цел да се намали локалното загадување на животната средина.

Моделот Smart Vision EQ Fortwo ги комбинира сите современи трендови во еден автомобил – тоа е целосно автономно електрично возило за транспорт до 2 лица кое наизменично може да го користат поголем број луѓе.

Автомобилот постојано е поврзан на интернет, така што патниците се обезбедени со сите потребни информации и услуги, додека удобно седат во своите седишта, а управувањето на возилото го препуштаат на компјутерот.

Иако станува збор само за концепт, овој интелигентен автомобил ја носи ознаката EQ, идниот бренд на Daimler, под кој ќе се произведуваат идните електромобили на Mercedes и Smart. Имено, Daimler до 2022 година планира да лансира 10-ина модели на електричен погон, од возила со големина на Smart до голем SUV модел.

Извори: AUTO BILD, media.daimler

Новото чудо на патиштата Ferrari Portofino (ВИДЕО)

Ferrari го претставија новиот GT кабриолет кој треба да го замени моделот California T и за прв пат во живо ќе биде прикажан на Frankfurt Motor Show во септември.

Наречен Ferrari Portofino, во споредба со California T е помоќен, полесен, и со поагресивен и аеродинамичен дизајн.

Моторот е истиот 3.9 литарски турбо V8, но модификуван со нови компоненти и рекалибриран софтвер за негово менаџирање – тој ќе има моќност од 600 коњски сили, што е за 40 повеќе од сегашната верзија.

Со тоа е скратено и забрзувањето од 0-100км/ч кое ќе изнесува 3.5 секунди, додека максималната брзина ќе биде 320км/ч.

Во Portofino ќе биде вградена последната генерација на електронскиот заден диференцијал на Ferrari, наречен E-Diff3.

Во поглед на дизајнот, Portofino има поагресивна предница со LED фарови инспирирани од моделот 488 GTB, додека во внатрешноста е вграден нов infotainment систем со 10.2 инчен touchscreen диплеј, нов волан и седишта, како и infotainment систем за патниците на задните седишта.

Извори : CARJAM TV , www.ferrari.com, idividi.com