Category Archives: СПОРТСКИ КОЛУМНИ

Женска кошарка во Македонија –  Лежерна прошетка или маратон ?

Кога некој ќе каже женска кошарка… Македонија? Ве асоцира на нешто?  Добро освен на женска кошарка,но во мала земја како што е Македонија, мала е заинтересираноста или сосема малку се промовира во јавноста. Не е дека нема квалитет,за тоа пример се голем број на кошаркарки со огромни таленти. Па ајде да направиме една ретроспектива,да започнеме од Стојна Вангеловска.

Љубителите на женската кошарка сигурно се запознаени со Стојна Вангеловска –  “Спортистка на векот “,која остави огромен придонес и белег  за македонската кошарка. Секако и за оние љубопитните кои не се запознаени, таа преставува симбол за женската кошарка во Македонија. По завршувањето на средно образование таа станува членка на КК Студент,екипа која се натпреварувала во Првата југословенска лига. Потоа во Партизан, Јежица (Словенски клуб) – каде настапувала пет години и освоила титула, куп, како и можности да игра на европска сцена. Во 1983 година е прогласена за најдобар плејмејкер на Европското првенство во Финска,потоа е поканета да игра за сениорската репрезентација на Југославија. Таа е единствената македонка носител на Олимписки медал (Соул, сребрен медал) , 1988 год.Покрај сите овие достигнувања , нејзината кариера не запира тука. Таа продолжува да го прави она што најдобро го умее и започнува кариера како тренер. За тоа говорат двете титули на клубот Единство, потоа шампион на Црна Гора и победник на купот…. Покрај овие достигнувања, Вангеловска беше шампион на Македонија со Кимико од Струга, потоа и шампион на Бугарија со ЦСК од Софија.Вангеловска ја има честа да го одведе националниот тим на женската македонска кошарка кон престојниот предизвик на Европското првенство 2019 год.

(Фотографија – Стојна Вангеловска)

Што се однесува на помладите кошаркарки значајно е да се спомнат Едина Муса, Јелена Антиќ, Ана Тантуровскаи многу други.Едина Мусадел од својата кариера го помина во САД на универзитетот Линколн.Играч за Вардар ,кој беше формиран само пред неколку месеци ,за време на македонскиот куп го одземаа трофејот на Баделки.Токму на овој куп Муса е прогласена за МВП (најкорисен ирач).

(Фотографија – Едина Муса)

Кошаркарската кариера за ЈеленаАнтиќзапочнува уште од 12 годишна возраст како дел од КК Студент,а потоа и Младинец. Со здобивање на стипендија таа се школува во САД и поминува две сезони како дел од тимот на универзитетот Либерти. По 5 години Антиќ се враќа во Европа и станува дел од Партизан,каде што имаше сезона без пораз и три трофеи.Потоа шампион со тимот на Лулеа,Шведска.

(Фотографија – Јелена Антиќ)

(Фотографија – Ана Тантуровска)

 

Ана Тантуровска со 78 тројки постигнати во една сезона постави рекорд во дресот на Олимпијакос од Волос со просек од четири тројки по натпревар. Тимот од Волос благодарение на Тантуровска и нејзината тројка во последната секунда обезбеди место во Првата лига, а сезоната ја заврши со 18 победи и еден пораз.Дополнително заедно со Јелена Антиќ ќе ги следиме и на Европското првенство 2019.

Што говорат овие успеси на македонските репрезентативки? Дека имаме квалитетни играчи, но малку се ценети? Дека заинтересираноста е свртена повејќе кон машкиот спорт? Профитот е помал и тешко е да се најдат спонзори? Или сепак се работи за неумешност на менаџерите да ги промовираат спортските клубови?

За сите проблеми има соодветни решенија. Како на пример организирање на пријателски натпревари, формирање на кампови, организирање натпревари во основни и средни училишта за наоѓање на потенцијални таленти.Камповите би преставувале можност да се елиминираат недостатоците и да се надоградат играчите, како и да се споделуваат искуства.Потоа запознавање на клубови со јавноста како што се Бадел, Вардар, Лотос…

Промоција, публика , сали за тренинг и натпревари… Финансиска подршка? Како држава која го сака спортот , време е да се подигне свеста на повисоко ниво. Огромент талент, но мала мотивација и на крајот разочарување. Ронка надеж е репрезентацијата која ќе се бори да остави белег на квалификациите на Европското првенство 2019 год. Потребно е создавање на многу прилики за афирмирање не само на женската кошарка, туку и на останатите женски спортови во државата.

Автор : Наташа Костовска

Караорман е симбол за Струга

Фк. Караорман е симбол на препознатливост за Струга и милениче на стружани. Клубот е формиран 1923 година под тогашното прво име ,,Црн Дрим создаден од група млади стружани. Еден од основачите бил и познатиот сликар Вангел Коџоман. По втората светска војна го добил денешното име Фк. Караорман. Навивачката група на тимот е ,,Паткари”, а игра на стадионот ,,Градска плажа”. Клубската официјална боја на дресовите е црвената боја.

Струга не може без Караорман, ниту Караорман може без Струга, тоа е 94 годишна долга традиција, со испреплетени и прераскажани многу спортски приказни. Во овој клуб пораснале и продефилирале голем број на сегашни и поранешни фудбалери кои што својот пат го започнале од Струга па завршиле со успешна и богата интернационална и репрезентативна кариера. Струга е непресушно место на талентирани луѓе, посебно од делот на спортот, а тоа се однесува и за фудбалот. Во текот на фудбалското опстојување Караорман поминал голем број на премрежија, но секогаш наоѓал начин да опстане на фудбалската карта во Македонија и самиот факт на постоење од 94 години го потврдува тоа. Најчесто клубот се натпреварува во втора македонска фудбалска лига (ВМФЛ),  само со исклучок на само една сезона помината во прва македонска фудбалска лига (ПМФЛ), а за жал последните години има спортска криза и се натпреварува во трета македонска фудбалска лига (ТМФЛ).   

*фубалскиот стадион на ФК Караорман 

Она што е ,,Ла Масија во европски и светски рамки, пак струшката школа е најдобра за наши македонски критериуми. За јака прва лига ни се потребни сите расположливи фудбалски центри. Долг период во голема апстиненција се градовите: Кочани, Куманово, Гевгелија, Охрид, Кичево, Струга и др. Фк.Караорман долги години е во голема летаргија, стагнира во развојот, се натпреварува во третолигашка конкуренција, пропратен со голем број на проблеми. Опстојува со помош на  ентузијастичка волја со финансиска поткрепа надополнета со една млада група на фудбалери што го остава се уште жив брендот Караорман. На секој еден стружанец  го засега сегашното преживување на клубот и иднината која му претстои е неизвесна  ако не се преземе нешто конкретно во блиска иднина.

Да, може недостига додатна инфраструктура. Да, проблем се финансиите. Но најмногу недостига: волја, упорност, љубов, долгорочна стратегија, организација, план, едукација и човечки ресурси. Караорман не е само спортски клуб, туку е и мост на разбирање, живот, мир, сплотување на народот, не признава никави вери, националности, политички определби, сите тие се едно под едно име КАРАОРМАН.

*навивачката група Паткари на натпреварот против Вардар од ПМФЛ

Сите мои заложби, а се надевам и на сите искрени љубители на фудбалот посебно блиски на клубот е да го видиме Фк. Караорман повторно да застане на ,,Здрави нозе и да постигнува високи спортски резултати. Нека оваа колумна, можеби е во скромни размери, но со искрени намери да сите заедно потикнеме желба, мотив, инспирација и креација да му се помогне на клубот сега кога му е најтешко, за да може да продолжи онаму каде што застана, со создавање на нови фудбалски бисери кои што го претставуваат, промовираат не само градот Струга туку ја презентираат и Македонија како спортска нација. Струга и стружани го сакаат и го разбираат спортот, па со нетрпение се чека воскреснувањето на ФК. Караорман со надеж дека желбите ќе станат јаве – спортски поздрав од нашата и ваша Јужна трибина.

Предраг Јанчески

Ѕвездите фудбалски во Македонија немаат сјај како западно-европските

Во модерниот фудбалски свет веќе играта е претворена во бизнис, шоу, вртоглави милионски суми се вртат и профитот е пред се. Западна Европа е во предност во однос на остатокот на Европа и пошироко во однос на развојот во спортот, инфраструктурата, традицијата, финансиските средства итн. Денешните теркови ни носат трансвер од еден во друг клуб не за 1 до 2 милиони евра туку цифрите одат над 100 милиони евра.

Што се однесува до Балканскиот Полуостров поточно што се однесува до Македонија иако сме свесни дека заостануваме премногу во инфраструктура, стручен кадар, едукација, финансии , долгорочни планови сепак во едно сум сигурен дека не заостануваме во талент во квалитет со останатите најразвиени спортски земји.

Поткрепа на ова тврдење е штотуку завршеното Европско Првенство во Полска до У-21 каде што нашата млада селекција успеа најпрвин да се пласира, а се пласираа само 12 селекции и самиот тој факт не сместува во најдобрите 12 во Европа во младинска конкуренција.

Од каде произлегува токму овој наслов (,,Ѕвездите фудбалски во Македонија немаат сјај како западно-европските) ? Со издржани факти и размислувања ќе се обидам да ја разјаснам и да ги претставам сопсвените гледишта:

Ќе започнам со голманската позиција. Бразилкиот интернационалец Едерсон кој до скоро бранеше за Бенфика  летово направи трансвер за невероватни 40 милиони фунти во тимот на Манчестер Сити. Голманот на Англија Пикфорд кој бранеше на ЕП Полска до     У-21 исто така направи трансвер од тимот на премиерлигашот Сандерленд кој испадна во Чемпионшип премина во Евертон за вртоглава сума од 30 милиони фунти. Донарума од Милан кој исто така настапи на престојното ЕП за својата Италија, се очекува да направи рекорден трансвер ако не оваа сезона тогаш во наредната натпреварувачка сезона и сумата сигурно ќе биде над 60-70 милиони евра, а се работи само за тинејџер.

Компарацијата со нашите квалитетни голмани како што се Столе Димитриевски кој по одличниот трансвер во Удинезе, но сепак на стартот тимот од Удине немаше доверба да му ја додели единицата па беше позајмуван во Гранада, а таму најчесто беше во вториот тим, со само еден настап во Примера Дивизион, а неговиот фудбалски пат го одведоа во второлигашка конкуренција во тимот на Гимнастик кој втората полусезона беше закован на резервната клупа и има обврзани раце да направи трансвер во Луго тим кој исто така е од втора лига во Шпанија. Младиот струмичанец Илиев кој направи супер квалитетен трансвер за Арсенал, но таму е далеку од првиот тим, со настапи само за младинскиот тим на Арсенал кој до сега го пратеа голем број на повреди. Игор Алексоски кој исто така настапи за Македонија на ЕП во Полска нималку не заостанува од останатите квалитетни голмани, но ја живее суровата реалност и е надвор од скаутингот на големите европски клубови кој ќе го одврзат ќесето и ќе извадат на маса милионска сума.

Во делот на дефанзивата Стоунс од Евертон направи трансвер во Манчестер Сити за рекорден трансвер за дефанзивец од 50 милиони фунти, потоа ова лето младиот швеѓанец Линделоф направи трансвер од Бенфика во Манчестер Јунајтед за сума од 30 милиони фунти. Додека нашите млади дефанзивци како што се Ѓоко Зајков кој направи солиден трансвер во Рен (Франција), за потоа без да му се даде било каква шанса да биде позајмен во Белгија, а во тимот на Шарлероа беше во втор план и не конкурираше за првиот нивен тим и настап на првенствени натпревари. Тука се и Дарко Велковски, Демири и Бејтулаи но тие најчесто се спомнуваат за трансвер или во балкански клубови или во клубови од типот на Грасхоперс и сличен тип на клубови кои се солидно познати но не се од самиот европски крем.

Средината на теренот е најбараната и најтрасверираната позиција со фудбалери и таму се вртат вртоглави милионски суми каде што најсвеж пример е трансверот на Бернардо Силва од тимот на Монако во Манчестер Сити за 70 милиони фунти, потоа пред две години Реал Мадрид потроши 80 милиони евра на Џејмс Родригез, а ги заработи тимот на Монако, а најголемиот трансвер во светот се склучи минатот лето за рекордни 110 милиони евра на Пол Погба од тимот на Јувентус во Манчестер Јунајтед. Инаку во бројните шпекулации ова лето вклучени се и Бакајоко (Монако), Родригез (Реал Мадрид) и други кои што ја надминуваат границата од 50 милиони евра, а што се однесува до нашите фудбалери на таа позиција како што се Бобан Николов (Вардар), Давид Бабунски (Јокохама,Јапонија), Даниел Аврамовски (Олимпија Љубјана) тие суми  и клубови се само сон.

Фудбалерите во нападот се исто така многу барани на трансвер пазарот секако и многу платени, а Суарез од Ливерпул направи трансвер во Барселона за 70 милиони евра пред неколку години,додека ова лето Андре Силва од Порто направи трансвер во Милан за 40 милиони евра, а листата е преголема да се пишат сите милионски транвсери. Македонските напаѓачи Марјан Радески (Шкендија), Виктор Ангелов (Ујпешт), Петар Петковски(Вардар), Дарко Чурлинов (Келн младински состав) се далеку од случувањата и барањата на големите клубови за трансверни суми како и нивните.

Во текстот погоре се испуштени Енис Барди од Ујпешт кој воедно беше избран меѓу најдобрите 11 во групната фаза на ЕП во Полска до У-21 и Елиф Елмаз од Работнички кој и тој беше и настапи на ЕП во Полска. Ако се следат медиумите и шпекулациите за нивните идни трансвери може да се прочита дека Барди и Елмаз би заминале во Видеотон (Унгарија), Херенвен (Холандија), Динамо Загреб и Хајдук Сплит (Хрватска) и Галатасарај (Турција). Според нивниот квалитет и потенцијал не заостануваат со ниту една фудбалска ѕвезда па освен трансвер во Манчестер (Јунајтед,Сити), Реал, Барса, Баерн Минхен, Борусија Дортмунд, Милан, Јуве, Интер и итн ќе биде жалосно да не влезат во костец со ѕвездените светски фудбалери па да имаме и ние и тие самите да се докажат на мега дерби натпревари.

Трансверите во денешно време што изнесуваат над 50 милиони евра во македонски услови трансверните рекорди се движат околу 70, 80, 100, 150 илјади евра, можеби сме многу далеку од големи трансвери, но нашата фудбалска иднина ние загарантирана за долги години и овој талент да го претвориме во квалитет, па освен настап на младинско ЕП за скоро да имаме и сениорско учество на големо натпреварување.

Предраг Јанчески

Сонот за Вардар е јаве

Фајнал-фор во Келн во ,,Ланксес арена со капацитет од 19.500 седишта без германски преставник но со дебитант во името на Вардар. Кога би се направила само дел од анализите лесно може да се претпостави каков е тоа силен турнир во борба за пехарот европски првак. Барселона е најдоминатна во освојување на европски титули, ПСЖ е најбогатиот ракометен колектив, Веспрем е екипа во која се вложуваат многу средства и ракометот за унгарците е број еден па долги години сонуваат голем трофеј. Вардар е македонски шампион кој воедно беше и дебитант на ваков голем спектакл.

Се поставуваат многу прашања, сите се обидуваат да направат анализа со која ќе покажат како се стигна до ваков историски успех. Меѓу многуте прашања најчестите се поставуаат: Дали е најбитно финансиските вложувања ? Дали е најбитно да се има инфранструктура ? Дали е најбитен тренерот или пак ракометарите во тимот ? Колку среќата е битен фактор ? Се поставуваат и ред други прашања.

За да се биде шампион на Европа во ракомет пред такви великани, да потребно е да се има финансиски вложувања како во ракометари така и во инфраструктурата. Да многу е битно да се има квалитетен тренер, а исто така е потребна доза на спортска среќа. Но најбитно е што Вардар имаше стратегија, долгорочен план, беше организиран и трпеливо секоја од претходните сезони влечеше мудри потези.

Успехот не е нималку случаен кога би се потенцирал фактот што Раул Гонзалес веќе е скоро четврта година во Вардар каде му беше доделена улогата да го менаџира тимот, да ги избира ракометарите, да ги воигрува, да смислува концепт на игра, да ги диктира подготовките. Во изминативе години продефилираа голем број на имиња и сите од нив имаат свој удел во денешниот успех.

За оваа натпреварувачка сезона се очекуваше женскиот колектив да го освои првото место, додека зенитот и крајниот дострел на машкиот колектив се очекуваше дури наредната сезона да го достигне врвот. Ракометните експерти предвидуваа финале на ПСЖ тимот кој слободно може да се оквалификува како репрезентација на светот собрана на едно место против Барселона убедливо најдоминантната со трофеи екипа. Сметките им ги нарушија најпрвин Веспрем тим кој е долги години насочен и фокусиран кон успех и само успех и каде што Унгарија како држава вложува огромни средства бидејќи им е спорт број еден во државата.Второто изненадување беше секако Вардар, најпријатното ракометно освежување во последните неколку години. Раул Гонзалес играше шах со противникот, секој потег внимателно го влечеше, внимаваше на темпирањето на минутажата на секој од своите ракометари и крајниот тајм-аут го намести нападот компјутерско точен па скок шутот и ударот во аголот на Лука Циндриќ се чини не можеа ниту двајца голмани да го бранат тој удар, кој значеше победа, кој значеше елиминација на фаворитот и бескрајна радост и еуфорија како кај вардарци така и во делот на трибините, а коментаторите ширум светот иста така беа во елемент.

Ниту во финалето на Вардар не му се даваа големи шанси против ПСЖ и катарските милиони и оваа година ќе му ,,Одат по водано како што вели поговорката за да му се раздени на некого на друг треба да му се стемни. Во натпревар во кој од самиот почеток па се до крајот македонскиот шампион водеше и ќе беше светска неправда да имаше друг крај освен каков што и на крајот беше, односно нерешен резултат на седум секунди до крајот, каде што крајниот удар го зададе Иван Чупиќ од неговата крилна позиција за сензација, за радост, за историја за неверување на светската јавност како еден тим на Вардар може во последните секунди да ги добие натпреварите со најсилните и со најдоминантините состави на денешницава.

Пречекот и радоста кај македонскиот народ  беа импресивни за сите во светот, сите беа воодушевени од настанот и многубројноста и излезноста по улиците во чест на шампионите во Европа. Според некои проценките имало околу 150.000 луѓе  кои биле дел од пречекот, декорот и навивачката инвазија. За момент цела Македонија се викаше ,,ВАРДАР за крај дел од изјавите:

Дибиров: ,,Не сме шампиони се додека не дојдовме на оваа бина и ве видовме вас,токму сега ние сме шампиони и сонот заедно со вас ни се оствари”.

Македа: Во голема еуфорија ја соблече маицата и заедно со публиката славеше со нив.

Чупиќ: ,,Јас сум хрват, но денеска ми е мило што сум македонец”.

Циндриќ: ,,Ми се исполни детскиот сон”.

Ангелов: ,,Ајде, ајде вардареееее, ајде ајде вардарееееее”.

Душебаев: ,,Сакав, посакував и си одам од Вардар како шампион, Вардар ќе ми остане во моето срце”.

Канељас: ,,Сега знам зошто сите ја сакаат Македонија” ( еј имаме проблем – ни снема пиво, еј каде е пивото)

Самсоненко: Кажа дел од разговорите со Арпад Штербик кој му кажал дека ќе се преправале дека ќе оделе како туристи во Келн, немало да даваат еуфорични изјави за сите да помислеле дека се аутсајдери, а потоа ќе го давале својот максимум на секој од натпреварите до крајната цел ШАМПИОНИ. Иван Чупиќ му кажал ,,Браво шефе, знаеш да работиш, мене ме земаш во тимот за да освоиш шампионска титула. Потоа Самсоненко ја испеа песната ,,Ој вардаре македонски”.

Марсениќ: Не издржа и заплака од радост пред насобраниот народ.

Гонзалес: ,,Им се поклони пред сите присутни и ги пофали сите до еден од ракометарите како најзаслужни”.

Стоилов: Им се заблагодари на сите соиграчи и на публиката за подршката и за сите вклучени во проектот и кој биле директни учесници во успехот на Вардар како и на македонскиот спорт воопшто.

ОВОЈ СОН САКАМЕ ВЕЧНО ДА ТРАЕ, НО МЕСТО ДА СОНУВАМЕ ДА СЕ ФАТИМЕ ВЕДНАШ ЗА СЕРИОЗНА РАБОТА, ЗА ДА БИДЕМЕ ПОВТОРНО ВО ВАКВА ПОБЕДНИЧКА,ШАМПИОНСКА, ПРАЗНИЧНА И ЕУФОРИЧНА ПОЗИЦИЈА !!!

Директно од Јужна Трибина – Предраг Јанчески 

Исти колектив со различни аршини

Долго време најавувавме дека може да гледаме сестринско финале во женскиот мак-ракомет што на крај и се оствари. Оваа година се играше фајнал-фор во домашното првенство и очекувано во финале заиграа Жрк Вардар 54 : 24 Вардар СЦЈС разликата не е за изненадување бидејќи квалитетот е на страна на странскиот дел од Вардар во однос на македонскиот дел на Вардар. Но паѓа во очи третманот и односот на структурата на менаџментот на истиот тој клуб што нема исти критериуми и аршини за своите ракометарки во тимот.

Зошто е тоа така, има се повеќе прашања кои се отвараат, како што се дали поради висината на платата на странкињите кои земаат астрономски високи плати во однос на нашите девојки ? Дали туѓото е повредно и помило од нашето ? Дали има овој клуб морални квалитети ? Ќе се продолжи ли трендот на купување на странски ракометарки, а ќе се занемарат школите за ракомет кај нас ?

Прашања има се повеќе, некој треба сериозно да се замисли и да ги простудира своите постапки во женскиот дел на Вардар. Една нивна млада ракометарка по име САРА имаше храброст да ја отвори пандорината кутија и да се замислиме сите ние каква иднина имаат нашите ракометари и ракометарки со овој начин на работа. Во Македонија странците земаат високи примања и редовно платата ја земаат, но кај македонците тоа не е случај или земаат мали примања со кои што едвај ги подмируваат плаќањата на стан, кирии и останати трошоци со тие нивни плати, а има друга група на ракометари и ракометарки каде што не земаат плата дури и по 6, 7 или 8 месеци.

За да има ефект и решение треба САРА да добие подршка и да се приклучат кон истата цел за да можат да си ги заштитат правата кои што со закон им се загарантирани. Ако само и ракоплескаат и ја тапкаат по рамо во знак на одобрување не само нејзе но и на самите себе ќе си одмогнат во поцртаната цел. Зарем еднаш за секогаш не можеме да бидеме солидарни и сплотени кога се работи за правата и должностите кои што едно важат за странците, а сосема поинаку на крајно потценувачки и понижувачки начин за македончињата.

Кога би се навратиле на случувањата ќе се види дека младите вардарки за освоеното сосема заслужено второ место не добија ниту медали, ниту било каков гест за подршка и почит кон нив. За нив како награда следуваат голем број на исписници и треба да си бараат нова средина за наредната сезона, а странските ракометарки кои заминуваат од Вардар а не го покажале она што се очекувало од нив и ниту барем малку ја заслужиле високата плата добија ордени на заслуги и бескрајни заблагодарувања кон нив. Во нив има исклучоци кои си заминуваат а го дале својот максимум и квалитет, но во најголем број тоа беа разочарувачки засилувања на сметка на нашите млади ракометарки. Ако младите не добијат шанса на натпревар и не им биде дозволено од најдобрите да научат како ли само очекуваме да имаме квалитетна репрезентација која ќе не претставува на меѓународно ниво? Зошто само се потпираме на засилувања од страна кои чинат многу, а не посветуваме внимание на младите категории и таленти ?

Пред 15 години Кометал освои шампионска титула и денес се присетуваме на тие успеси и љубоморно се присетуваме на тие убави моменти, но зарем не ја научивме лекцијата од тогаш, толку години учиме лекции и уште колку време и нови лекции ни следат за да се фатиме за работа и работите ги поставиме на своите места.

Спортот е сериозна работа која бара стратегија, долгорочен план, организација, менаџирање, инфраструктура и пред се вложување во свои капацитети и создавања на свој производ, за на крај тој производ биде само надграден и надополнет со некое странско засилување. Ракометот е можеби број еден спорт во Македонија и ако не се посветиме професионално лесно може да го загуби тешко стекнатиот статус.

Директно од јужна трибина – Предраг Јанчески

Пелистер е како Феенорд и Битола е како Ротердам

По начинот на живеење, култура, економија и се останато сме многу далеку од споредба со Холандија. Но зошто токму споредба Пелистер-Феенорд и Битола-Ротердам, затоа што спортот не познава граници и високобуџетни клубови да може да се направи соодветна компарација.

Феенорд по пост од 18 години оваа натпреварувачка сезона во Ередевизија ја освои толку посакуваната и сонувана со години шампионска титула.  Пелистер пак во Македонија по пауза од 16 години повторно го освои купот. По освоената титула навивачите на Феенорд сите излегоа од своите домови и направија огромна река од луѓе по родердамските улици и плоштади. Луѓето плачеа од радост, бидејќи дел од тие луѓе остареле а секоја година биле во исчекување да освои нивниот омилен тим титула, младите пак навивачи ја имале таа среќа токму во нивно време да се освои титулата по долгогодишна пауза и апстинеција, односно доминација на Ајакс и ПСВ Ајдховен.

Пелистер ја имаше истата судбина, со тоа што како што е Феенорд во Холандија, тоа е Пелистер во Македониаја. Но битолкиот бренд имаше потежок и потрнлив пат затоа што минатата сезона беа на раб да испаднат во понизок ранг, за да оваа сезона да се хит во ПМФЛ каде што го освоија вториот куп во својата историја, а во првенството се при самиот врв на тебелата. Исто така битолчани масовно излегоа за да го слават триумфот на својот миленик во градот до касните утрински часови. Зелената боја е сега во мода, а на радоста на фудбалерите и на навивачите е бескрајна и обострана. Чкембарите никогаш не го оставиле својот сакан тим и кога на тимот му било најтешко и на раб на егзистенција, нека овој голем успех им биде само мотивација плус да се мобилизираат во своите редови и на евросцената да се покажат во вистинско светло секако заедно со фудбалерите.

Има неколку занимливости и податоци што се интересни и поврзани токму со двата клуба и одиграното куп финале. Баже Илијовски по 5-ти пат во кариерата го освојува купот на Македонија со максимален учинок од пет финалиња и пет трофеи. Кристијан Тошевски пак иако е млад сепак за него ова е втора титула, првата ја освои со тимот на Тетекс, а баш триумфираше против истиот опонент, односно против тетовска Шкендија. На тренерот на Пелистер Наџи Шансои ова му е трето финале во различни земји, но прва освоена титула. Стадионот ,,Младост е таличен за пелистерци, бидејќи во 2009 година тука се играл баражот за опстанок помеѓу истиве две екипи, а Пелистер и тогаш бил поуспешен. Младинците на Пелистер на истиов стадион имаат освоено титула против Вардар, па најавите дека битолчани планираат своите евро-натпревари да ги играат во Струмица не е за изненадување. Ова финале е и со најбрзата измена во историјата на било кое финално натпреварување, затоа што уште во првата минута голманот Христијан Петровски беше заменет со Илчо Петровски, само поради фактот што пропозициите на ФФМ налагаат еден младинец да започне во секоја од екипите во нашата лига. Голем пропуст и аматерска организација на ова финале од страна на ФФМ, бидејќи и по сите кажувања дека картите се распродадени и дека не очекува полн стадион и празник на фудбалот сепак сликата беше поинаква и видовме полупразен стадион, а илјадници навивачи и љубители на фудбалот иако имаше место и празни столчиња не им беше дозволено да го гледаат во живо ова куп финале.

На ,,Зелените им преостанува да го доиграат првенството и со квалитетни подготовки и некое засилување да се обидат да направат и прогрес во квалификациите за Лига на Европа. И тимот на Шкендија го очекува истото, па освен квалитени летни подготовки нив им се потребни кадровски решенија, подобра организираност, професионалност во менаџментот и играчки засилуввања и барем повторување на ланскиот успех кога беа во Плејоф последната пречка за влез во групите во Лигата на Европа. Овие две екипи и наредна сезона ќе водат битка и ќе има уште еден нов ривалитет на релација  Тетово – Струмица и секако понеизвесна битка за титулите на двата фудбалски фронта.

 

Директно од Јужна Трибина – Предраг Јанчески

Сама против сите

Тенисот е индивидуален спорт кој во нашата земја нема голема традиција, успеси и посветено внимание. Како и во секој спорт, така и во тенисот сме имале и имаме талентирани спортисти, но кога тие не ги третираме на професионално ниво и не се обрнува внимание на нивниот талент да прерасне во светски квалитет имаме само моментални блесоци само колку да покажеме дека сме талентирана спортска нација.

Исто така загрижувачки е фактот што индивидуалните спортови ни се на маргините, а спортистите во тие спортови се во подредена ситуација. Во минатото сме ги имале: Илија Мартиновски, Предраг Русевски, а како најдобар пример и најсвеж секако ние Лина Ѓорческа. Младата тетовчанка ги руши сите бариери дека малите и сиромашни земји не можат да се носат со богатите држави во тенискиот свет кој е сметан за привилегија на богатите и моќните. Се повеќе земји вложуваат во тениските надежи бидејќи преку тенисот се повеќе млади гледаат можност да заработат милионски суми и светска слава.

Лина ги постигнува најдобрите резултати во историјата на тенисот во Македонија и е на чекор да влезе на еден Грен Слем Турнир таа е првата македонка што е во таква привилегирана  конкуренција. Исто така Лина до сега најдобар нејзин ранкинг е 187 место  во ВТА ранкингот. Има освоено бројни турнири во Челенџ низ светските бројни турнири, како индивидуално така и во конкуренција на двојки.

Освен што нејзина најголема желба и сон е да се настапува на еден голем Грен Слем Турнир, се повеќе се труди да влезе и на ВТА турнири кои носат големи суми и голем број на ранкинг поени. Најголем дострел на Грен Слем и е квалификации, која оваа година беше најблиску односно и недостигаше само уште еден чекор за да влезе на главниот турнир во Мелбурн, но за жал третото квалификациско коло се покажа барем за оваа година непремостлива пречка.

Лина Ѓорческа е пример како со сопсвени вложувања, напорни тренинзи, без тим околу неа освен нејзиното семејство како се бори сама против сите во нерамноправна борба, каде сите останати се со огромни  вложени финансиски средства, имаат цели тимови околу себе кои се грижат за нивното здравје, за тренинг програмите, исхрана, витамини, партнери за тренинг, сместувања, патувања, опрема, инфраструктура и итн.

Кога барем дел од овие услови би имала нашата тенисерка не се сомневам дека таа за брзо време би се наоѓала во првите 100 најдобри тенисерки, а ВТА турнирите и Грен Слем турнирите би била таму редовна учесничка на тие големи и престижни натпреварувања. Тенисот е спорт кој бара сериозни вложувања и професионален однос кон секој детал и сегмент и неизбежно е да има квалитетна инфраструктура. Зарем сите врати се затворени, за оваа тениска надеж и резултати од светски калибар. Успехот на Лина е и успех и репрезент на самата држава во Европа и светот, но за да се оди во позитивен правец веќе крајно е време спонзорите, фирмите, бизнисмените и институциите да се обединат и да најдат формула за успешни резултати.

Секоја помош е само гарант плус дека во блиска иднина врвните спортски резултати се на дофат. Доказ дека нашиот тенис има иднина е фактот што сме имале бројни прваци во младите категории, но најголем проблем е трансформацијата од талент до нивото на сениорски професионалец и пресликување и надградување на резултатите од младите категории и во сениорска конкуренција.

Многу големи разлики има во пристапот и вложените средства во младите категории, а сосема поинаков е пристапот, тренажниот процес и вложувањата на сениорско ниво. Родителите се додека имаат финансии и трпение да вложуваат во своите деца тие имаат забележителни резултати, но кога треба да се оди едно ниво повисоко и да се дуплираат тие средства тогаш нашите талентирани тенисери/ки не можат да се носат со останатите.

Тениската федерација, бизнис секторот и институциите треба да направат долготрајна стратегија и план да се премостат овие проблеми и тенисот да си го зазема своето место на спортскиот подиум.

Директно од Јужна трибина – Предраг Јанчески

Рифат Левент е носител на многу одликувања во планински велосипедизам

Планинскиот велосипедизам се повеќе зема замав и е се повеќе атрактивен меѓу младите луѓе во Македонија да започнат со спортување со овој многу атрактивен спорт. Освен атрактивноста овој спорт нуди и адреналин и на дланка може да се видат природните убавини на Македонија. Но како и кај секој спорт така и кај планинскиот велосипедизам најголем проблем се финансиите посебно токму кај поединечните спортови каде не се медиумски претставени пред спортската јавност.

Кога сме кај инфраструктурата може да сме задоволни но има голем простор за надградување и вложување во пронаоѓање на нови патеки и нови природни убавини за збогатување на фондот на трки и натпревари.

Еден од многуте успешни спортисти во овој спорт е и  Рифат Левент кој со своите 21 година е многу успешен секако и перспективен спортист во планинскиот велосипедизам.Започнува за прв пат посериозно  да ги запознава тајните на велосипедизмот на 14 гидишна возраст односно 2009 година каде се до 2011 година нема позабележителни резултати.

Дисциплината во која се натпреварува е  XCO (cross-country olympic).Освен во оваа дисциплина се има натпреварувано и во неколку маратони, друмски трки, циклокрос, а е дел и од националниот тим на Македонија.

Неговиот напредок и прогрес во кариерата го прави во 2011 и 2012 година каде на 20 трки има 19 подиуми од кој 9 златни одликувања ( 7 планински, 2 друмски), 7 сребрени медали (друмски) и 3 бронзи (друмски).Рифат Левент бил севкупен победник на XCO Државното Првенство, 1во место севкупно за 2012 година (XCO) и 3то место севкупно за 2012 година во друмски велосипедизам. Во 2011 година, се натпреварувал на 7 трки, од кои 6 беа планински (1 златен и 5 сребрени медали)и една друмска (сребрен медал).

Останати одликувања и учинок во неговата кариера:

2013   

  • Куманово CX, 2ро место
  • Велес CX, 2ро место
  • Охрид (критериум, друмска трка), 3то место
  • Попова Шапка (XCO Државно Првенство), 3то место во Јуниорската категорија

2014

  • 2ро место за 2015 година на ниво на Македонија (XCO)
  • 1во место во У23 категоријата и 2ро место севкупно за 2013/204 на ниво на Македонија (CX)
  • Тирана XCO, во Албанија, 3то место
  • Гази Баба XCO, 1во место
  • Дојран XCO, 1во место
  • Попова Шапка XCO, 2ро место
  • Крсти (XCO Државно Првенство), 1во место во У23 категоријата, 3то место севкупно
  • Водно, 2ро место
  • Кичево (CX Државно Првенство), 1во место во У23 категоријата, 2ро место севкупно

 

   2015

  • 1во место за 2015 година на ниво на Македонија (XCO)
  • Гази Баба XCO, 1во место
  • Balkan Bike Festival (UCI XCO C2), Скопје, 3то место
  • Попова Шапка XCO, 1во место
  • Црна Трава XCO, во Србија, 1во место
  • Гази Баба (UCI XCO Државно првенство), 1во место во У23 категоријата, 3то место севкупно
  • Куратица XCO, 1во место
  • Радовиш XCO, 2ро место
  • Маврово XCM (мал маратон), 2ро место
  • Маврово XCO, 5то место
  • Кичево XCO, 1во место
  • Сфендами маратон во Грција, 2ро место во моја категорија (18-28г)

Водно Uphill, 1во место

2016

  • Македонска револуционерна борба во Кичево, 1во место во У23 категоријата, 2ро место севкупно
  • Гази Баба XCO, 1во место
  • Кучково XCO, 1во место
  • Радовиш XCO (Државно првенство), 1во место во Елит и У23 категориите
  • Индивидуален хронометар, 1во место во У23 категоријата, 2ро место севкупно
  • Дросопиги маратон во Грција, 1во место во моја категорија (18-28г), 2ро место севкупно
  • Сфендами маратон во Грција, 1во место во моја категорија (18-28г), 2ро место севкупно
  • Кичево XCO , 1во место
  • Водно Uphill, 1во место и нов рекорд на патеката

 

Овие резултати на младиот натпреварувач нека бидат мотивација за останатите да ги достигнат или да ги надминат неговите резултати, а за федерацијата, спонзорите и бизнисмените нека овие резултати ги подпомогнат во надеж на надминување и постигнување на високи спортски резултати како и претставување и одмерување на силите со европските и светските натпреварувачи во конкуренција на Планинскиот велосипедизам.

 

Директно од Јужна трибина – Предраг Јанчески

Удри – мавај – викај за 3 бода

Дерби дуелите се проследени со набој, тензија наелектризирана атмосвера низ светските фудбалски центри. Кога е во прашање Македонија ние сме специфично фудбалско поднебје каде важат сосема други критериуми, ментални сфаќања за фудбалската игра и реакцијата на навивачите и актерите долу на зелениот терен.

Освен на дерби натпреварите кај нас и кога се работи за натпревар за опстанок или без разлика тимовите и да се на златната средина, а некој од тимовите има серија на лоши резултати тогаш следуваат земање на бодови по секоја цена.

Таа цена за среќа барем до сега не е платена со човечки живот. Но за секој случај ова треба да се стави пред дневен ред како на федерацијата, така и на синдикатот на професионални фудбалери (СФМ)  но веќе треба медиумите место да ги маргинизираат настаните треба токму спротивното да им се даде значење и видно внимание.

Да биде појасно за сите оние кои не се запознати со оваа материја и што се се случува ќе се обидам да го упростам и да ги поедноставам настаните:

Последен инцидент на фудбалски натпревар се случи изминатиов викенд во втора македонска фудбалска лига (ВМФЛ) и тоа на натпреварот во Кичево помеѓу домашниот тим на Влазерими и скопскиот тим на Еуромилк Горно Лисиче. Кичевскиот второлигаш уште на стартот на шампионатот имаше амбиции за влез во повисок ранг односно да се пласира во прва македонска фудбалска лига (ПМФЛ) но оваа полусезона им замина нивниот единствен вистински напаѓач некои играчи се повредени и сега се во подредена позиција и место во горниот дел на табелата со неколку порази по ред сега веќе се во долниот дел на табелата стравувајќи и за опстанокот во овој ранг на натпреварување, додека Еуромилк со млади фудбалери, голобради момци е при самиот врв на табелата.

Во нашиот фудбал ако не може милум- може силум, односно не се бираат средства и начини да се стигне до 3 бода на контото. Овој пат Влазерими неможејќи да постигнат барем еден гол вреден победа против скопски Еуромилк тие на полувреме се решиле за посигурна варијанта со тоа што неслужбени лица влегле во соблекувална го исфрлиле делегатот Локоски од таа просторија, каде што неслужбените лица останале со судиите да дискутираат и да се договараат како треба да се продолжи во вториот дел од натпреварот.

Исто така во соопшението кое преставниците од Еуромилк го имаат доставено до некои медиуми кажуваат дека во холот истите тие неслужбени лица вербално, психички и физички се пресметале со дел од младите фудбалери на скопскиот тим. Публиката исто била на раб на инцидент и спремна да влета во терен ако работите не се одвиваат според нивен замислен план. Судијата Величков е сосема друга тема на разговор и само потврдува дека нема никаков авторитет и сумлив судиски квалитет да суди не само прва туку и втора лига, секогаш на неговите одсудени средби има бројни забелешки од клубовите. Моја претпоставка е дека овој судија се користи само на места каде што треба да помогне некој тим да ги земе бодовите полесно од очекуваното.

Голот за победа е постигнат 95 минута и само може да замислиме што би се случувало ако средбата не завршела 1-0 за домаќините – тогаш па се поставува прашањето како ли само жива глава судијата и целокупниот колектив на Еуломилк ГЛ ќе изваделе од теренот во Кичево ?

Овој изминат викенд имавме богата исполнета агенда со јас повеќе би сакал да пишувам за интересни фудбалски натпревари проследени со многу голови и чиста игра, ама за жал инцидентот во Кичево не беше единствен.

Вториот инцидент, што во јавноста не е забележан ниту како немил настан не пак инцидент се случи во Прилеп на прволигашки натпревар, а играа Победа – Шкупи. Инцидентот се состоеше во тоа што на сред натпревар на сред акција во терен влета маскиран човек кој извади македонско знаме и го вееше на сред терен, па судијата на натпреварот го стави во прекин натпреварот се до моментот да неслужбеното лице не биде отстрането од зелениот терен.

Како за потсетување пресликан инцидент но место во рака со знаме другото лице беше со шипка во раце се случи на Пољуд,Хрватска помеѓу Хајдук Сплит – Риека, но тамошната јавност се крена на нозе, постојано пишуваат, го осудуваат целиот настан и преземаат мерки, а кај нас чекаме човечки жртви па отпосле да се преземаат мерки.

Нашиот случај може да се каже дека имавме среќа зошто се работаше само за знаме а не шипка, но кој може да очекува, кој може да се надева дека секогаш ќе имаме лесни случаеви, дали може некој да им гарантира на фудбалерите и навивачите на трибини дека ваквите организациони пропусти можат да завршат фатално и трагично, односно место знаме некој да има во рака, шипка, нож, пиштол или бомба ?

Време е веќе еднаш за секогаш да се превземат видливи мерки и конечно фудбалерите и навивачите да се чуствуваат сигурно на било кој терен во Македонија. Комесарите за безбедност место да се грижат за безбедноста тие се дирекните чинители и сеењето на стравот на гостинските фудбалери и на сите останати официјални лица, зарем се нема желба, зарем не е доволно 25 години едни исти проблеми да се провлекуваат, а сите работи да ги пикаме под тепих и да ги архивираме во фудбалските црни настани. Ова не е упатено само кон секашното раководство на ФФМ, ова е апел, ова е колумна, ова е потсетник, ова е текст што треба сериозно да се разгледа, освен како што напоменав ова раководство на ФФМ треба да се запрашаат и прволигашите, второлигашите, фудбалерите, судиите, делегатите, контролорите, навивачите, поранешните структури во нашиот фудбал, спортските работници и спорските новинари кои најмногу треба да се ангажираат за да се добие на тежина целава оваа тема и еднаш за секогаш да решиме дали сакаме фудбал со многу инциденти, загрозување на човечки животи, празни стадиони, крш терени/стадиони, наместени натпревари и слаб рејтинг или пак сакаме да го кренеме нивото на квалитет со тоа што ќе имаме екипа/пи во Лига на шампиони и Лига на Европа, нема да има сомнеж и истраги за наместени натпревари, ќе имаме стадиони со сите европски стандарди и критериуми, полни стадиони без инциденти и фудбалери и тренери со респектабилни примања, секако и квалитетни странски фудбалери.

Да не биде текстот само посветен и напишан со црни букви за Мак-фудбалот еве ќе напишам неколку убави и ведри примери:

Овој викенд на средбата Работнички – Силекс беше постигнат еврогол и гол на сезоната од фудбалерот Горан Силјановски Шаро, во стилот на Флоренци од Рома кога постигна гол скоро од пола терен против Барса, исто така фудбалер на Работнички Елиф Елмас пред некое коло против Пелистер постигна гол како Зинедин Зидан во финалето помеѓу Реал Мадрид – Баер Леверкузен, исто така кога сме веќе кај играчите на Работнички Бојан Најденов постигнува од далечина спектакуларни голови, а таков еден од многуте е победничкиот гол против тимот на Македонија Ѓорче Петров, други такви убави примери се прекрасните голови од слободен удар на Хуан Фелипе од Вардар, додека Бесарт Ибраими постигнува голови од 30-40 метри против нашите прволигашки голмани.

За да биде посветена цела колумна на убави голови и потези, треба првин горенаведениве проблеми, пропусти и недостатоци да се решат за да имаме мотив и причина да ги истакнуваме убавите моменти од фудбалската игра.

Директно од Јужна Трибина – Предраг Јанчески

Бездомна фудбалска Mакедонска лига

 

Во фудбалскиот свет се води  жестока дебата на тема која фудбалска лига е најдобрата во светот. На прво и на второ место се Англиската Премиер Лига и Шпанската Примера Дивизија или ако сакате нека се и обратно напишано на прво место Шпанската лига на второ Англиската лига. Потоа следуваат Бундес лига, Сериа А, Француска лига, Португалска, Турската лига, Аргентинската лига, Руската лига итн.

На балканот односно во нашето најблиско опкружување предничат Грчката лига и Хрватската прва лига, а сите останати се со слаб квалитет, стагнираат, се одлевааат млади талентирани фудбалери по фудбалска Европа, ретко кој квалитетен играч се трансверира на нашите простори.

Кога би се задржале на ПМФЛ (Прва македонска фудбалска лига) каде што јас би ја нарекол БФМЛ (Бездомна фудбалска македонска лига), а за ова ново име имам и доволни факти и сликовити примери за да биде името на лигата во склоп на целиот тој амбиент. Македонската лига е една од послабо рангираните во светот и до сега во самостојна Македонија немаме учествувано во групна фаза на големо натпреварување како што се Лигата на шампиони и Лига на Европа односно Куп на УЕФА (претходното име) во последниве неколку години едвај наша македонска екипа да помине барем едно европско коло, со исклучок на ланската сезона на Шкендија кога стигна до последниот филтер на елиминации и за жал не успеа да ја помине последната пречка тимот на Гент, потоа претходните години во два наврати тимот на Работнички и многу одамна тимот на Вардар кога за еден гол не успеа да влезе во групите на Лига на шампиони.

Премногу се оддалечив од темата за која сакам да пишувам, но сепак како надополнување на таа тема беа потребни некои факти и изнесени податоци. Сега се поставува прашањето зошто е нарекувам БМФЛ ? Од проста причина што најголем број од клубовите во нашата лига не ги исполнуваат критериумите за адекватен стадион за натпреварување во една професионална прва фудбалска лига, исто така сите оние екипи кои изборуваат настап за европските еврокупови квалификациите не ги играат на своите матични домашни терени туку на нашиот најголем стадион и единствен лиценциран стадион кој ги исполнува сите европски стандарди Телеком Арена (градски стадион).

Од каде и да почнам дали од послабо-рангираните наши клубови или од подобро организираните, или па големите наспроти малите градови е во секој случај скоро исто и разликите се незначително мали.

Последно пласираниот тим на Брегалница од Штип на средина на сезона конечно домашните натпревари не ги игра на гостински терен па добива можност токму во Штип пред домашна публика да ги бара бодовите за опстанок. Случајот со Брегалница и последната нивна позиција најмногу се должи на фактот што цела прва полусезона домашните натпревари ги играа во Кочани, а тренинзите беа комбинација од разно разни штипски полјани, па се до терените во Свети Николе и на крај дел од тренинзите им се одвиваа и на теренот во Кочани каде беа и ги играа домашните натпревари. Сега конечно играат во Штип, но нели е веќе касно бидејќи заостануваат од позициите што носат опстанок во првата лига? Касно или не но барем никогаш не е касно да се има свој соодветен домашен терен.

Македонија Ѓорче Петров тие за чудо играат на својот терен во населбата Ѓорче Петров, но проблем претставува што на истиот тој стадион е и резервна опција на прволигашки и голем број на второлигашки екипи, па често на тој терен освен Македонија, играат дури и Вардар и Работнички (кога се реновира арената), потоа таму често настапуваат Тетекс од Тетово, Скопје, таму играше Љубанци (додека не се фузираа и не го препуштија местото на кавадарчани) таму знае да настапува тимот на Еуромилк Горно Лисиче, третолигаши и кој знае уште кои, па лошиот терен за фудбал и не чуди што е таков покрај толку многу екипи што го користат тој терен како свој домашен, а тимот на Македонија ЃП е само колатерална штета и големи се шансите да испадне од прва лига оваа сезона.

Победа е тимот што оваа сезона ќе го запаметиме по Пелагониското дерби против Пелистер кој го одиграа во Струмица !!! Првото пелагониско дерби Победа како домаќин против Пелистер место во Прилеп домаќин му беше токму на нивниот терен во Битола на Тумбе кафе (се разбира се додека имаше адекватен терен таму, што сега не е случај)!!! Инаку Победа своите домашни терени знае да ги игра и на ,,Билјани извори во Охрид. Наредниот првенствен натпревар Победа – Шкупи планиран е да се одигра на ,,Могила со капацитет од 1000 седишта и минимум регуларни услови за фудбал !!! Знаеме дека Прилеп како град е мајтап град, ама ова не е мајтап ова е жива сурова вистина, ова е веќе резил, катастрофа, срам не само за прилепчани туку и за ФФМ, се освен борба за опстанок и не може ништо оваа сезона да се очекува, ама опстанок не само резултатски туку и опстанок и за Прилеп како град да опстане на македонската спортска мапа.

Шкупи – нивниот стадион во Чаир нималку не наликува на теренот кој го имаа во шампионските денови со тогашното препознатливо име на Слога Југомагнат и се додека не си овозможат професионални услови за тренинг и за прволигашки фудбал не може од нив да се очекува битка за висок пласман и враќање на реномето од времето на Слога.

Тимот на Ренова е од село Џепчиште, па кога веќе големите градови немаат стадиони зарем во Џепчиште очекуваме стадион, но сепак Ренова своите натпревари ги игра во Тетово и секогаш е при самиот врв на прволигашката табела.

Силекс е тимот каде што повозрасните љубители на фудбалот паметат дека на нивниот терен се играле и квалификации на нивниот стадион во Кратово во евро-квалификациите, но сега е дојден моментот каде е доведен Силекс да е на раб на регуларност во услови неговиот стадион за прволигашки фудбал, место да се унапредат условите од минатото кај нас е се во надолна линија, па и она малку добро што било веќе го нема.

Пелистер – македонската јавност застана зад Пелистер и битолчани со паролата и подршката на иницијативата ,,Битола сака стадион. Од сегашна перспектива Пелистер и Битола не само што немаат стадион (порано барем нивниот стадион исполнуваше минимум критериуми за фудбал), а сега се доведоа во ситуација освен да немаат стадион, сега веќе немаат ни соблекувални па фудбалерите на тренинг пристигнуваат во опрема уште од дома или во хотел се спремаат па од таму на терен, користат терени по Новаци, Кравари и какви уште не луди комбинации тимот да се одржи во тренажен процес и борба кон финале во купот а во првенство пласман меѓу првите 3 екипи. Имаат бугарски интернационалци, бразилски интернационалци, македонски репрезентативци, проверени скапи играчи, земаат редовно плата целокупниот стручен штаб и фудбалерите ги имаат сите услови од спонзорот што трерба да ги исполнува еден професионален клуб, дури и се претпоставува дека имаат трет буџет во лигата после Вардар и Шкендија но засега недостасува уште одговорните лица да си го исполнат ветувањето за реновирање на “Тумбе Кафе”.

Работнички и Вардар го делат домаќинството и своите натпревари ги играат на нашиот најголем стадион во Скопје, а кога се реновира тој стадион резервна опција им се Ѓорче Петров, ,, Борис Трајковски” во Маџари и теренот на ФФМ.  Додека Шкендија има најдобар пример како е да се игра надвор од Тетово и тие направија цела обиколка на играње на натпревари низ цела Македонија, настапувајќи во Охрид, Кичево, Скопје и Куманово за на крај оваа сезона да играат на својот домашен терен во Тетово.

Предуслов за квалитетна лига и за успех во Европа е секој клуб да има свој стадион кој ќе ги исполнува европските стандарди за квалитет и конечно некој наш стадион нека светне со рефлектори и доста е веќе темнина и црнила во Мак-фудбалот, а како поука за ФФМ е за наредна сезона услов за настап во прва лига е да клубот да поседува стадион кој ќе ги исполнува сите пропишани услови, па краен случај да го земеме примерот на Андора и сите прволигашки екипи нека се натпреваруваат на еден стадион ако веќе се нема волја и професионалност кај нашите прволигаши.

Директно од Јужна Трибина – Предраг Јанчески