Category Archives: ЗДРАВА ИСХРАНА И РЕЦЕПТИ

Крем карамел

СОСТОЈКИ:

  • 1 литар млеко
  • 6 јајца
  • 16 големи лажици шеќер
  • 1 ванилин шеќер

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  1. Карамелот се прави со 10 големи лажици шеќер. Во посебен сад постепено се растопува шеќерот додека да добие златно жолта боја.
  2. Со по 1 лажица од карамелот се премачкуваат 10 шољи од огноотпорно стакло или керамика. Прво премачкајте го дното на шољата, а потоа и ѕидовите.
  3. Во друг сад загревајте го млекото со останатите 6 големи лажици шеќер и пакувањето со ванилин шеќер.
  4. Посебно сматете 6 јајца и додадете ги во веќе подготвеното млеко. Внимавајте млекото да не биде жешко, туку на средна температура, бидејќи во спротивно ќе се засират.
  5. Со вака подготвената смеса наполнете ги карамелизираните чаши.
  6. Полните чаши ставете ги во тавче во кое има веќе загреана вода и печете 25 минути на температура од 200 степени.
  7. Извадете ги чашите и оставете ги да се оладат. Потоа ставете ги да отстојат во фрижидер помеѓу 20 и 30 минути.
  8. Изберете чинии за сервирање и во секој од нив превртете по една шоља со што крем карамелот ќе се одвои и постави во посакуваниот облик на самата чинија. Чинијата можете да ја украсите со остатокот од карамелот.

Ви посакуваме добар апетит!

Овошна торта со малини

Освежувачка и вкусна торта за летните денови.

Потребни состојки:

400 гр пишкоти

500 мл шлаг во кесичка

100 гр шеќер во прав

500 мл ладна вода од фрижидер

4 чаши кисела павлака

600 гр малини

300 мл сок од портокал

 

За декорација:

200 мл шлаг

200 мл кисела вода

 

Подготовка:

Во сад го ставаме шлагот со шеќерот во прав и ладната вода и матиме со миксер. Кога ќе го изматиме шлагот ја додаваме киселата павлака и мешаме со лажица.

Во правоаголен сад за торта ставаме еден ред пишкоти претходно потопени во сокот од портокал. Потоа премачкуваме со подготвениот шлаг. Над шлагот ставаме малини. Потоа повторно ставаме натопени пишкоти еден ред. Премачкуваме со шлаг и ставаме повторно малини. Одозгора повторно мачкаме со шлагот.  Ако сакате може да ја премачкате тортата со шлагот изматен со кисела вода и да декорирате со некоја малина. Се става во фрижидер да отстои некое време и потоа може да ја пробате.

Оваа торта може место со малини да се направи и со некое друго овошје по желба.

Добар апетит!!!

10 причини зошто да пиете топла вода со мед и лимон наутро

Многу луѓе наутро пијат топла вода со мед и лимон. Тоа е многу здрав напиток за нашиот организам иако некои не го знаат тоа.

Едноставно во чаша топла вода измешајте едно лажиче мед, а може да додадете и лимон или цимет за подобри резултати и пиете секое утро. Овој вкусен напиток е одлична замена за кафето, помага во будење на организмот.

 

Зошто е важно да го пиете?

Помага во:

  • Чистење на организмот
  • Намалување на тежината
  • Обезбедување енергија
  • Го зајакнува имунолошкиот систем
  • Помага при хронична опстипација
  • Лечи кашлица
  • Го забрзува метаболизмот
  • Ги неутрализира киселините во желудникот
  • Го отсранува лошиот мирис од устата
  • Ја подмладува кожата

Банана торта

Лесен и вкусен десерт баш за овие летни денови.

Потребни состојки

Пандишпан:

  • 6 јајца
  • 150 гр шеќер
  • 4 лажици вода
  • 2 лажици масло
  • 1 пециво
  • Брашно по потреба ( отприлика околу една чаша)

Фил:

  • 3 пудинзи од ванила
  • 1 литар млеко
  • 6 лажици шеќер
  • 200 мл слатка павлака
  • 6 – 8 банани
  • 1 кесичка шлаг

Подготовка:

Прво се варат пудинзите со млекото и шеќерот и се остава да се изладат.

Во меѓувреме се подготвува пандишпанот. Јајцата се матат со шеќерот, кога убаво ќе се изматат се додава водата и маслото, пецивото и брашното. Смесата се става во ѓувеч на хартија за печење и се става во загреана рерна на 180 степени додека не се испечи.

Кога подготвениот пудинг ќе се излади, настрана се мати слатката павлака и потоа се меша заедно со пудингот.

Испечениот и изладен пандишпан се сечи на два дела. Едниот дел се става на чинија за торта и се филува со филот од пудинг и слатка павлака. Потоа одозгора се става по 3 цели банани по должината на тортата, па повторно се филува со филот. Одозгора се става другиот пандишпан и се премачкува цела торта со филот. На крај се мати кесичката шлаг со млеко и тортата се премачкува со шлаг. По желба одозгора може да украсите со рендана чоколада.

Добар апетит!

Блитва –богатство од витамини и минерали

Блитвата (Beta vulgaris) е градинарска култура која се одгледува поради нејзината хранлива вредност. Блитвата како и останатиот лиснат зеленчук спаѓа во нискокалорични намирници поради тоа што 100 грама  блитва содржи 20 kcal но, е богата со магнезиум, железо, калиум, калциум и витаминитеБ, Ц, А, Е.

 

Зошто е здрава блитвата?

  • Поради тоа што содржи железо, таа ја јакне крвта, ги прочистува крвните садови
  • Го намалува нивото на мастите во крвта
  • Го јакне имуниот систем
  • Помага при нервоза и недостиг на концентрација
  • Богата е со сложени јаглехидрати, што претставува добар извор на гликоза која е неопходна за работата на мозокот
  • Помага при варењето на храната
  • Ги зајакнува коските
  • Го чисти телото од штетните отрови ( детоксикација )
  • Богата е со бета – каротен ( провитамин А ), кој доколку се внесе во организмот се смета дека му ја враќа изгубената енергија и со тоа го подобрува расположението

Се разликуваат два вида на блитва:

Листеста – која развива розета и големи , широки, месести листови

Ребраста – која има силно развиено сочно и месесто стебло на кое има мали листови

 

Здрава храна

Блитвата е зеленчук сличен на спанаќот и најчесто се припрема како него. Често се додава во супи и варива како и во оброци со тестенини. Одлична е во комбинација со друг зеленчук особено со компир и тиквица.

Ако досега не сте го конзумирале овој зеленчук време е да почнете, не само поради неговата хранлива вредност туку и поради тоа што е многу вкусен.

Еве еден здрав и вкусен оброк со блитва:

Чорба од блитва и леќа

потребни состојки: пола чаша леќа, 5 листови блитва, лук, сол, сок од два лимона, маслиново масло

подготовка:во сад со вода ставете ја претходно измиената леќа и оставете ја на силен оган додека да зоврие, а потоа наламете на тивко и варете ја леќата додека не омекне.

Во меѓувреме блитвата измиете ја и исечете ја на ситно и потоа додадете ја во леќата и варете додека блитвата не омекне.

Лукот исчистете го и измечете го сол. Додадете сок од лимон и маслиново масло и измешајте.

Подготвената смеса додадете ја во блитвата со леќа, по потреба додадете уште малку сол и варете уште 5 минути.

 

 

Уживајте!

Колач од смокви

Здрав колач без брашно, шеќер и јајца …

Потребно е:
за кората:
100 гр бадеми
150 гр суви смокви
2 лажици семки од лен
2 лажици кокосово брашно
1/2 лажица вода
1/2 лажиче цимет

за кремот:
75 гр индиски ореви
125 мл кокосово млеко
2 лажици мед
1/2 лажиче екстракт од ванила
50 гр кокосово брашно

за сервирање:
4-5 свежи смокви

Подготовка:
– Потопете ги индиските ореви во ладна вода и оставете ги да стојат преку ноќ во водата.

– За кората, ставете ги сите состојки во блендер и изблендирајте ги да добиете леплива смеса.

– Калапот за леб обложете го со пластична фолија и распоредете ја смесата за кората. Убаво втиснете ја со прсти или силиконска шпатула. Ставете го калапот во замрзнувач додека го правите кремот.

– За кремот, во блендер ставете ги исцедените индиски ореви и блендирајте неколку минути. Додадете ги кокосовото млеко, медот и екстрактот од ванила и продолжете со блендирањето додека да добиете глатка, кремаста маса. Додадете го кокосовото брашно и уште еднаш кратко изблендирајте.

– Извадете ја кората од замрзнувач и рамномерно нанесете го кремот. Вратете го колачот во замрзнувач најмалку 2 часа.

– Извадете го од замрзнувач 15 минути пред да го сервирате, декорирајте со свежи смокви и внимателно исечете го со остар нож.

Домашен и здрав сладолед кој не дебелее

Сладоледот може да биде вкусен и без да дебелее, а можете да го направите и дома.

Сотојки:
– 2 кајсии
– 2 праски
– 1 нектарина (гола праска)
– 1 помала банана или 1/2 банана со нормална големина

Подготовка:
Ставете го овошјето во замрзнувач на околу 3 часа. Тоа е оптималното време во кое овошјето нема да замрзне, но површината ќе почне да се стврднува. Ако случајно се заборавите и претерате со замрзнувањето, оставете го овошјето околу 15 минути на собна температура. Следниот чекор е да го ставите овошјето во блендер, додавајќи му една полна лажица милерам.

Сервирајте го во чаша, а можете и да го декорирате со малини.

Напиток кој го топи салото околу стомакот

Во блендер ставете замрзната банана, една лажичка изрендан ѓумбир, две лажици мелени семки од лен, шолја замрзнати боровинки, пола шолја спанаќ и малку мраз.

Сето тоа добро изнатете го и пијте го секое утро на празен желудник. Истражувањата покажуваат дека повеќето од оние кои го пробале овој напиток, изгубиле два килограми за неколку дена,а највеќе масни наслаги се стопиле од стомакот.

Освен тоа овој напиток е многу здрав. Бананите се богати со калиум, антиоксиданси и влакна,па со самото тоа поттикнуваат варење и елиминација на токсините, додека пак ѓумбирот го зајакнува имунитетот,го забрзува метаболизмот и го намалува апетитот.

Ленот е важен поради влакната, боровинките се познати антиоксиданси, а спанаќот е богат со магнезиум и позитивно влијае на нервниот систем и расположението.

Цимет- Најмоќниот зачин во светот

Циметот е еден од најчесто користените зачини во светот. Неговиот уникатен мирис и вкус доаѓаат од соединението цинамалдехид кое го содржи циметот. Токму ова соединение е одговорно за многуте моќни ефекти што ги има циметот врз здравјето и метаболизмот.

Според истражувачите, од 26 најпопуларни лековити билки и зачини во светот, циметот се наоѓа на 1 место во однос на неговото заштитно ниво на антиоксиданси.

Дали сте знаеле дека една лажица цимет има онолку антиосидативни својства колку што има половина чаша боровница? Антиосидансите се многу значајни за нашето здравје и спречување на разни болести, па дури и малигни.

 

Хранливи вредности на циметот

Една лажица мелен цимет содржи:

19 калории

0 грама на масти, шеќер и протеини,

4 грама влакна

68 % манган

8 % калциум

4 % железо

3 % витамин К

Половина кафена лажичка цимет дневно може да има позитивни влијание врз нивото на шеќерот во крвта, варењето на храната, имунитетот и многу повеќе.

 

Здравствени придобивки на циметот

Циметот го регулира нивото на холестерол и триглицериди во крвта

Има способност да го регулира нивото на шеќерот во крвта

Го регулира високиот крвен притисок

Го зајакнува имунитетот

Го регулира метболизмот

Помага при инфекции и вируси

Ги штити забите од расипување и го освежува здивот

Помага во борбата против алергии.

Циметот може да го користите на разни начини. Најчесто се користи како зачин за десерти, може да го ставите во кафе, чај или млеко, да го консумирате со јогурт или мед.

Цимет и мед како лек

Измешајте една лажичка цимет со чаша зовриена вода, а кога течноста ќе се излади додајте една лажичка мед. Ова е пожелно да се пие наутро на празен желудник. Циметот и медот како лек е стар народен рецепт. Секој од овие состојки сами по себе имаат многу лековити својства, а во комбинација се многу моќен природен лек. Корисните состојки од циметот и ензимите од медот се природен лек против бактериски и габични инфекции во организмот. Заеднo имаат антиосидативно дејство и спречуваат појава на разни болести, пред се болести на срцето.

Цимет и јогурт како лек

Една лажичка цимет во чаша јогурт е природен лек за дигестивни проблеми. Циметот и јогуртот како лек се користат за слaбеење и одржување на телесната тежина. Јогуртот е добро познат за подобрување на варењето на храната и регулација на цревната флора, а во комбинација со циметот кој го забрзува метаболизмот и го намалува апетитот, делува како одличен природен лек за здраво губење на килограми.

Баклава со јаболка

Потребни состојки:

500 гр тенки кори

1.5 кг јаболка

200 гр мелени ореви

50 гр суво грозје

250 гр путер

200 мл кисела вода

4 шолји вода

2 шолји шеќер

Цимет

 

Постапка:

Јаболката излупете ги и изрендајте ги. Во тава на оган пропржете ги ( на суво ) додека течноста не испари. Тргнете од оган и додадете ги мелените ореви, сувото грозје и цимет по желба. Ставете 3 гори една на друга и на третата кора ставете по крај од филот и свиткајте ролна. Повторете ја постапката со останатите кори и фил, ролните ставете ги во плех, и исечете ги по желба. Стопете го путерот и измешајте го со киселата вода па прелијте ја баклавата. Печете во загреана рерна на 200 степени 30 минути. Потоа оставете ја да се излади.

Шербетот направете го од шеќерот и водата и топол прелијте го на ладната баклава.

Уживајте 🙂