Крем карамел

СОСТОЈКИ:

  • 1 литар млеко
  • 6 јајца
  • 16 големи лажици шеќер
  • 1 ванилин шеќер

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  1. Карамелот се прави со 10 големи лажици шеќер. Во посебен сад постепено се растопува шеќерот додека да добие златно жолта боја.
  2. Со по 1 лажица од карамелот се премачкуваат 10 шољи од огноотпорно стакло или керамика. Прво премачкајте го дното на шољата, а потоа и ѕидовите.
  3. Во друг сад загревајте го млекото со останатите 6 големи лажици шеќер и пакувањето со ванилин шеќер.
  4. Посебно сматете 6 јајца и додадете ги во веќе подготвеното млеко. Внимавајте млекото да не биде жешко, туку на средна температура, бидејќи во спротивно ќе се засират.
  5. Со вака подготвената смеса наполнете ги карамелизираните чаши.
  6. Полните чаши ставете ги во тавче во кое има веќе загреана вода и печете 25 минути на температура од 200 степени.
  7. Извадете ги чашите и оставете ги да се оладат. Потоа ставете ги да отстојат во фрижидер помеѓу 20 и 30 минути.
  8. Изберете чинии за сервирање и во секој од нив превртете по една шоља со што крем карамелот ќе се одвои и постави во посакуваниот облик на самата чинија. Чинијата можете да ја украсите со остатокот од карамелот.

Ви посакуваме добар апетит!

Трофеј Македонија: Завршница со победа за Македонија

Со цел да го одмори Стојановски, селекторот Давитков како прва петорка на натпреварот ги назначи Брчков, Чековски, Стајиќ, Костовки и Игор Пенов. Репрезентацијата на Босна и Херцеговина ја доби првата четврина со 19:18 и покрај шутот за тројкана македонските кошаркари , кој беше зачително подобрен од претходните натпревари.

Во втората четвртина Македонија го предзеде водството , за кое придонесе Стојан Ѓуровски со реализација на шут за тројка 3 од 3 , вкупно 9 поени,Чековски со една тројка… со што резултатот на полувреме беше 40:35.

Украдени топки, тројки, одличен старт, но како што привршуваше третата четвртина концентрацијата опадна и разликата се намали со 55:51 за Македонија. Еден аспект од играта на македонските кошаркари  кој треба да проработи е и шутот за слободни фрлања кој има значаен придонес при добивање на дополнителни поени.

Последната четвртина беше борбена и во последните 60 секунди Ѓуровски постигна уште една тројка со што беше најефикасен на натпреварот. Македонија го освои натпреварот со краен резултат 71:67.

На репрезентацијата на Македонија и следува пријателски натпревар во Бугарија, пред да започнат натпреварите на 2 август за квалификациите во Кина.

Наташа Костовска

 

Ајакс го подготвува вториот најскап трасфер во историјата на клубот

Ајакс е на прагот да го донесе второто најскапо засилување во историјата на клубот (првото е Миралем Сулејмани кој кошташе неверојатни 16.250.000 евра). Според извештаите од страна на некои од холанските медиуми, се очекува Ајакс уште денес да се договори со Флуминенсе за 20-годишниот Ричарлисон. Се очекува трансферот да чини околу 12.000.000 евра, а договорот со Ајакс би бил на период од 5 години.

Стефче Алушевски направи моќен тим

РК Пелистер од Битола направи конкурентен тим за наредната сезона. Во екипата од минатата сезона останаа левото крило Бојан Маџовски, Везенкоски, Митревски, Ивановски, Николиќ, Чантурија и пикерот Димитровски.

Нови имиња во екипата се Жарко Чуриќ, Михајло Митиќ, Милош Ивиќ , Вељко Давидовиќ, Горан Раковиќ,  голманот Милош Рајчиќ , Теимуруз Орјоникидзе, Александар Босеовски , Томи Јагуриновски и повратникот од Романија искусниот репрезентативец Филип Лазаров.

Со ваков ростер Алушевски ќе има конкурентен тим во борба за што подобар пласман во Македонската Супер лига.

Најубави Македонки – Мартина Марковска (ФОТО)

Мартина Марковска од Свети Николе е еден од поуспешните модели од Македонија која неколку години гради успешна кариера зад себе. Македонската јавност ја запозна пред неколку години со  учеството на Miss Tourism Universe 2014 кој се одржа во Бејрут, Либан. Уживајте во нејзините прекрасни фотографии,

 

Извор: Instagram Martina Markovska

Фолтин дел од учесниците на ДРИМОН фестивалот во Струга

На 28 Јули во 21:00 часот на летната сцена при Ц.К. “Браќа Миладиновци” во Струга ќе настапи и групата Фолтин како дел од годинешното издание на ДРИМОН фестивалот.

ФОЛТИН е една од најпознатите групи од Македонија. Постои од 1997 година. Зад себе има седум самостојни албуми, музика за преку дваесет театарски претстави и бројни настапи во Македонија, Хрватска, Италија, Австрија, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Бугарија, Франција, Германија, Унгарија, Англија, Либан, Холандија, Белгија, Турција и Чешка. Музиката на ФОЛТИН обично се опишува како духовита, старасна, со жешка танцувачка атмосфера. Освен на македонски, пеат и на таканаречен „спонтан eсперанто“, имагинарна смеса или фонетска имитација на светските јазици. ФОЛТИН себеси се опишуваат како ПСЕВДО-ЕМИГРАНТСКО КАБАРЕ.

5 – то издание на ДРИМОН годинава ќе се одржи од 26-30 јули во Струга под мотото “Градиме нови генерации” . На фестивалот ќе има многу концерти, театарски претстави, изложби, работилници, базар на ракотворби…..

БИДЕТЕ И ВИЕ ДЕЛ ОД ДРИМОН ФЕСТИВАЛОТ ОД 26-30 ЈУЛИ ВО СТРУГА!

Извор: Drimon Festival (facebook фан страница)

Индонезија го има најдобриот хотел на светот (ФОТО)

Комплексот хотели “Nihivatu” кој се наоѓа на индонезискиот остров Sumba,   400 километри источно од Бали, втор пат по ред е прогласен за најдобар хотел во светот од страна на специјализирано списание Travel + Leisure.

Направен е по моделот на старите куќи на островот, покриени со слама, но секоја соба има приватен базен. На располагање на гостите им стои и сурфање,часови по јога, јавање, риболов, спа услуги, патувања ….  Повеќе информации за хотелот  може да најдете на нивниот веб сајт.

Извор : http://www.travelandleisure.com 

 

Барди со дебитантски гол за Леванте (ВИДЕО)

 

Ако судиме по првиот натпревар,  сезоната би се очекувала за Енис Барди да тече беспрекорно. Тој на својот прв натпревар против четвртолигашот Ла Нусија со глава постигна гол во нивната победа од 5-0, а стрелец беше на четвртиот гол. Инаку Барди на својот дрес ќе го носи бројот 5.

Македонските кошаркари со тешки маки до победа

Давитков со нови тактики и промени за првата петорка на Македонија, кои за жал не профункционираа. Војдан Стојановски, Чековски, Костовски, Стајиќ и Марјан Јаневски започнаа со лош старт во првата четвртина по четири минути игра само со постигнати два поени. Ја завршивме четвртината со 9:20, додека во втората проработеа тројките на Костовски,Стојановски и Димче Тасоски.Сепак не доволно и полувремето заврши со 30:39. На почетокот на третата четвртина се разбудија во одбраната, меѓутоа со пресинг на Холанѓаните, Македонија ја изгуби 3-тата четвртина со +12 т.е. 53:41. Додека пак во последната четвртина агресивно се поставија и го израмнија резултатот со кошот на Мекиќ за прв пат на натпреварот. Четвртината заврши со 61:61 благодарение на погодените слободни поени на Стојановски, со што следуваше продолжение. Многу неизвесен натпревар кој на крајот резултираше со 78:72 за победа на Македонија. Македонија утре го игра последниот натпревар од трофеј Македонија против Босна и Херцеговина од 18h.

Наташа Костовска

Ејупи со прекрасен гол го носи Осиек на дуел со ПСВ (ВИДЕО)

Музафер Ејупи со неговиот гол во 71 минута од натпреварот го намали резултатот на 2-1против Луцерн во Швајцарија со што и овој резултат на крај беше конечен. Овој пораз е на ниво на победа и голот на Музафер Ејупи ги носи во наредна фаза каде што ќе се соочат со фаворизираниот и гигантот од Холандија ПСВ Ајдховен.