Љупчо Дориев–Со зборови не се опишува деби за репрезентација пред домашната публика

ИНТЕРВЈУ

Кога за прв пат се запозна со фудбалската топка?

Имав само шест години кога татко ми беше во Беласица и тогаш за прв пат се запознав со фудбалската топка.

Кој е,, виновникот да го засакаш фудбалот и дали воопшто експериментираше со други спортови како дете или фудбалот е твоја прва љубов?

Господ ми ја подарил дарбата да играм фудбал и јас со најголема љубов тоа го правам.

Кој е твој матичен клуб и кој е првиот тренер со кој си работел?

Матичен клуб ми е ФК Струмесница од Зубово, се разбира татко ми е мојот прв тренер токму во овој клуб.

Сега си репрезентативец. Какво е чуството да дебитираш баш пред својата публика во Струмица?

09.10.2017 година e дата која засекогаш во мојот живот ќе остане во трајно сеќавање, со тоа што дебитирав токму пред домашната струмичка публика. При моето загревање ја почуствував атмосферата и аплаузите кои беа наменети за мене, ова навистина не може со зборови да се опише,на секого тоа му го посакувам да му се случи.

Повредите се дел од фудбалот. Како се справуваш со нив од каде црпиш нови сили?

Секако дека повредите се дел од фудбалот и се надевам се помалку да се случуваат. Јас по секоја повреда се враќам посилен и помотивиран, а силата и подршката ми ја даваат моите најблиски, пријатели и семејството.

Академија Пандев експресно влезе во ПМФЛ. Какви амбиции има клубот во иднина?

Вложивме многу труд и поминавме трнлив пат од четврта лига па се до прва лига на експресен начин. Резултатите не се случајни туку на дисциплинирана и квалитетна работа. Ние сме претежно млада екипа со 3-4 поискусни фудбалери. Ние помладите со помош од поискусните се надеваме на излез во Европа.

Дали се гледаш во странски клуб во догледна иднина?

Да секако, на секого му е целта да успее во кариерата.

Кој е твојот идол? На која позиција сметаш дека можеш најмногу да допринесеш за тимот?

Мојот идол е Тиенри Анри. Можам да одговорам на неколку позиции и моја е работата да го давам максимумот каде и да играм. Позицијата на полушпиц најмногу ми одговара.

Кои се твоите идни планови и каква порака ќе испратиш до нашите верни читатели на јависејужна.мк?

Моите идни планови е во блиска иднина е да заиграм за некој европски клуб 🙂 што верувам дека ќе се оствари. На јавноста и препорачувам да ужива во фудбалската игра.

Автор: Предраг Јанчески