Дуфски водопад

ПАТУВАЊА

Водопадот Дуф се наоѓа во близината на селото Ростуше. Водопадот е висок околу 28 метри. Водопадот Дуф спаѓа во рамките на Националниот парк Маврово и од Скопје е оддалечен околу 125 км. До него се стигнува возејќи по регионалниот пат Маврови Анови  Дебар кој се протега по долината на реката Радика.

Водопадот се наоѓа на леснодостапно место и за да се дојде до него не е потребен голем физички напор. До него води обележана пешачка патека во должина од илјада и дваесет метри, така што, доколку се пешачи со просечно темпо, до водопадот се пристигнува за половина час. Од половина пат, патеката води по кањонот на Ростушка Река, кој на некои места е длабок и до 100 метри. На крајот од кањонот се наоѓа водопадот, скриен позади карпите, со висина над 25 метри. На местото е поставена алпинистичка опрема со која посетителите може да се искачат по карпите што го обиколуваат водопадот. За посета на оваа природна знаменитост се наплаќа влезница од 50 денари, со која се добива и брошура за водопадот, како и услуга од туристички водич.