Сите ние име дома по некое омилено плишано животинче. Но, дали сте знаеле дека постојат животинчиња кои се направени од волна и изгледаат многу реално?
Татијана Баракова е уметник од Русија која ги изработува токму овие животни. Таа живее во Санкт Петерсбург и од 2006 г. се занимава со производство на животни кои се направени 100% од волна. Оваа техника со игли и волна таа ја развила многу добро така што кога ќе ги погледнете животните изгледаат многу реално. Таа вели дека ова е прилично тешка работа и потребно и е околу 2 недели за да изработи едно животинче. Но нејзината љубов кон животните станала главен извор на инспирација па со задоволство го работи тоа.
Погледнете ги интересните животни.