Авто спортот во Македонија е во Рикверц

СПОРТСКИ КОЛУМНИ

Вљубениците на брзините, на автомобилите, на брмчењето на моторите кој за секој гледач, конзумент на тие брзински убавини секогаш е проследено со зголемување на адреналинот и во најголемо внимание ги проследуваат своите идоли и се воодушевуваат на убавите автомобили.

Изборот е голем и има широк спектар на автомобили, на патеки, натпреварувања и извозени или истркани километри. Како најпознати и најатрактивни би ги напоменал Формула 1 (F1), рели трките, картинг трките, 24 часа Ле Ман, рели Дакар, ЕТЦЦ шампионат и ред многу други.

Поради безбедноста пред се на возачите и тркачите се воведуваат правила и сигурносни системи за контрола на ризикот од повреди, излетувања од патеките па дури и за жал смртни случаеви. Авто спортот е многу скап спорт, па обично е привилегија на моќните држави и ситуираните граѓани. Секако и останатите во склоп на своите можности се вклучуваат со желба да ги осетат на своја кожа целиот тој адреналин. Гореспоменатите најпознати трки може да ги проследиме на Тв, а секој што барем еднаш фатил волан во рака сигурно и му е сон да биде присутен дирекно или индирекно на најгламурозните, најпознатите и најатрактивни тркачки дисциплини и автодроми.

Авто спортот во Македонија не е експониран, не е медиумски вклучен, но пред неколку години ние имавме сосема респектабилен амтомобилистички спорт. Иако се одржуваа во Кичево (кружни трки) и Скопје (кружни се возеше кај МТВ и ридски на Водно), сепак се организираше домашен шампионат во три дисциплини , но на трките имаше и тркачи од странство па имаше и бодување за Централно Европската Зона (ФИА ЦЕЗ). Вљубениците на овој спорт ги имаше во голем број кој бараа атрактивни места за што подобро да ги следат сите натпреварувачи на патеката дури и ризикувајќи си го сопсвениот живот. Активни беа неколку авто клубови, но со присуството на возачите од странство се добиваше на поголема конкуренција, мотивација да се извлече максимумот од возилата, се одеше до крајни граници за што подобро извозано време, а бројката на натпреварувачи секогаш ја надминуваше повеќе од 30 тркачи.

Во последниве 5-6 години или не се одржуваат трките или Автомобилистичката федерација на Македонија (АФМ) не им дозволува на домашните натпреварувачи да настапуваат за своите домашни матични клубови. Зарем мислат дека можат да ги заобиколат домашните возачи и да одржат некакво тркачко натпреварување само со неколку странци ? Ова раководство тотално го уништи она мало тркачко богаство што го имаше оваа земја. Сите оние кои место на автодромите да ги надминуваат лимитите на брзините и времето сега со своите автомобили но и мотоциклистите започнаа многу опасна и животно-загрозувачка мисија по улиците, обиколниците и автопатиштата низ Македонија. Постојано сме сведоци на организирани диви трки. Таквите трки се под постојан ризик како на тркачите така и на сите останати што се вклучени во сообраќајот како што се останатите моторни возила, мотори, велосипеди и пешаци.

Обично трките се на булеварите по Скопје, каде се тркаат од семафор до друг семафор, потоа се користи обиколницата во Скопје, автопатот, но во целава оваа атмосвера не се поштедени и останатите градови низ Македонија кои се соочуваат со истиот проблем. Исто така од сведоштва може да потенцираме дека дивите трки се организираат во доцните вечерни часови кога нема метеж, а луѓето потенцираат дека бучавата на моторите е неподнослива и дека тешко се спие во такви услови. Од друга страна тркачите изјавуваат дека тие често се судираат со полицијата поради прекумерна брзина, загрозување на човечки животи и непочитување на сообраќајните знаци и сигнализација.

Во оваа прилика ги повикувам сите оние кои ќе се пронајдат надлежни, одговорни да ова се постави како сериозна тема за разговор, дебата и инстуционално изготвување на можни решенија. Во АФМ се потребни коренити промени за обновување на професионалните трки на автодромите. Последниве неколку години имаме запрепастувачки статистички податоци на повредени во сообраќајот, големи материјални штети но најлошо е што има многу човечки жртви токму поради прекумерната брзина и тркање на несоодветни места.

Едно од многуте решенија што можам да ги понудам да ги предложам е градење на автодроми во нашите градови, за сите тркачи и професионални возачи да ги искажат сите свои возачки квалитети и адреналински пориви, секако и раководство во федерацијата што ќе може успешно да ги менаџира и автодромите и трките во календарската година.

АВТОДРОМИТЕ НЕКА СТАНАТ КУЛТНО МЕСТО ЗА ВЉУБЕНИЦИТЕ НА АВТОМОБИЛИСТИЧКИТЕ СПОРТОВИ И АДРЕНАЛИН !!!

Директно од Јужна Трибина – Предраг Јанчески