Теодора е светла иднина на охридскиот женски ракомет

Ракометниот женски тим на Лихнид се труди преку својата макотрпна работа и правилен развиток на млади талентирани ракометарки да направи силен тим, а нивен најдобар производ е Теодора Балоска. Лихнид оваа сезона се во најтесен круг на фаворити за освојување на првото место во кадетска конкуренција.

Зошто токму ракомет што беше пресудно да се занимаваш со овој спорт ?

Се започна кога во училиштето дојдоа и го промовираа клубот Моби Дик . Почнав само како рекреација, но едноставно сето тоа се смена, ракометот на некој начин е нешто кое ме исполнува нешто каде ја трошам енергијата и многу ми се допаѓа начинот на игра. Уживам додека тренирам, а посебно на натпревари.

 Колку време тренираш ракомет и во кој клуб настапуваш ?

Тренирам веќе 5години, почнав да тренирам во клубот МобиДик во 2012г. кој подоцна беше преименуван како Лихнид кој го водат Билјана Богданова-Смилеска, Филип Јовановски и Атанас Поп-Стефанија.

На која позиција настапуваш, дали е твој личен избор или тренерот одлучи за твојата позиција ?

Играм на лев бек,тоа е одлука на моите тренери,но сепак кога има потреба играм и среден и десен бек.

Кој тим тие фаворит и кој ракометар/ка ти се идоли во ракометот ?

Фаворит ми е тимот на Вардар од Скопје, а идол ми е Кристина Неагу.

Каков е системот на натпреварување, колку тимови има во вашата лигa и кој вие најголем ваш ривал ?

Има две групи во кадетската лига каде ние настапуваме. И во двете групи во кои има по пет клубови, од двете групи првото и второто место настапуваат во final four. Најголем ривал е Стружанка од Струга .

Дали има иднина женскиот ракомет во Македонија ?

Има иднина, гледам дека има многу потенцијал и желба во мојата екипа, а и во другите екипи.

Дали имате настапувано на турнири надвор од Македонија , кои се вашите достигнувања како тим ?

Да сме настапувале во Србија на турнир во Златибор и Белград и пријателски натпревари во Лебане со екипата Радан. Нашите достигнувања како тим се навистина задоволувачки.У спеавме да влеземе во фајнал фор и немаме пораз во нашата група.

На кој натпревар имаш постигнато најмногу голови?

Најмногу голови имам постигнато на натпреварот со Вардар, таму постигнав 8 голови.

Како успеваш подеднакво успешно да ги извршуваш и обврските на училиште и тренинзите во твојот клуб ?

Бидејки не сакам да пропуштам тренинзи се трудам да си го организирам своето време па после часовите да одам на тренинг, понекогаш знае да биде напорно , но сакам да го правам тоа.

Кои се идните твои планови, каква порака ќе им испратиш на нашите верни читатели на javisejuzna.mk ?

Мојата порака до читателите на www.javisejuzna.mk е да ве читаат бидејќи ги промовирате и помагате талентираните наши спортисти, има што навистина да се прочита и да им се задржи нивното внимание. Сакам да им порачам на сите да се занимаваат или со некој спорт или со било каква рекреативна спортска активност. Желба ми е да го освоиме првото место оваа сезона и да заиграм за репрезентацијата на Македонија.

Предраг  Јанчески

One thought on “Теодора е светла иднина на охридскиот женски ракомет”

  1. Comments

    Maja Badaloska
    Like · Reply · Message · 1 · 2 hrs
    1 Reply

    Sanja Gjorgjievska Bravo Teuske ….😘😘😘
    See Translation
    Like · Reply · Message · 1 · 2 hrs
    1 Reply

    Lara Kaftanoska Super teaa❤😍
    Like · Reply · Message · 1 · 2 hrs
    1 Reply

    Svetlana Trajanoska Murdzoska Samo napred
    Like · Reply · Message · 1 · 2 hrs
    1 Reply
    Dea Dango Lusi Bravo bravo taka sa.o
    See Translation
    Like · Reply · Message · 1 · 2 hrs
    1 Reply

    Fila Veroska <3
    Like · Reply · Message · 1 · 2 hrs
    1 Reply

    Нокти Охрид BRAVO!!! 🙆💪👍
    Like · Reply · Message · 1 · 2 hrs
    1 Reply

    Maskirni Osvetnik Cestito teodora
    Like · Reply · Message · 1 · 1 hr

    Natasa Vaguric Stojadinovic Bravo <3!
    See Translation

Напишете коментар