Веслањето потона како спорт во Македонија

СПОРТ

Веслачката федерација на Македонија (ВФМ) е составена од клубови од три града, а тоа се клубовите од Охрид. Струга и Дебар. Како федерацијата така и клубовите кои партиципираат во неа не располагаат со финансиски средства кои овој спорт ќе го кренат на професионално и организациски на повисоко ниво. Пред неколку години во Охрид беше организиран балкански конгрес во кој учествувале: Турција, Грција, Србија, Романија, Бугарија и секако и нашата земја како домаќин. На тој конгрес станало збор за подигање на квалитетот на веслачките трки кои најчесто биле организирани само за кадети и јуниори во машка и женска конкуренција, а целта била да се организираат исто така и во сениорска конкуренција како и тоа балканската федерација да го добие заслужното внимание и во светската веслачка федерација.

Но за жал од денешна перспектива констатираме дека веслачкиот спорт потона, а загрижувачки е фактот што никој не посветува внимание и почит кон овој спорт и не се води грижа за помалку познатите и помалку медиумски застапени спортови како што е овој случај со веслачкиот спорт во Македонија.

Поради недостиг на финасии како и недостик на основни реквизити за бавење со овој спорт веслачката светска федерација донирала три чамци пред 15 – тина години, но замислете колку е загрижувачка финансиската состојба во овој спорт што не можеле да обезбедат минимални средства за подигање на донацијата на тие чамци од светската веслачка федерација, за на крај пред неколку години конечно да ги имаат во свој посед.

Кога се чини проблемите се решаваат веднаш доаѓа нов проблем, односно се отворил спор околу сопсвеноста на хангарот каде се чуваат чамците од веслачкиот клуб Југ, а спорот е со Дебарско-кичевската епархија. Судскиот спор кој припаднал во корист на Дебарско-кичевската епархија довела до тоа да веслачкиот клуб Југ мора да ги подмири финансиските долгувања и судски трошоци, а исто така да мора да се пресели и да го отстапи хангарот кој е изграден уште од 1947 година и до ден денес со донации надградуван и реновиран.

Веслачкиот клуб Југ кој е формиран во далечната 1932 година поминал многу премрежија и проблеми но сепак оваа пречка, овој проблем е капак на се до сега во историјата што му се случило, па поради немање на доволно средства да се раздолжат кон судските трошоци и тужителот доведени се во ситуација да им се одземаат пловните објекти и сите останати пропратни реквизити, што значи дефинитивно згаснува Југ како и веслачката федерација на Македонија со цело свое натпреварување и делување. Единствената помош но никако врз основа на постигнатите резултати туку само паушална минимална помош им била од Агенцијата за млади и спорт, но како тргнале на лошо работите по веслачкиот спорт и тие средства им се укинати и може на аукција секој да учествува и да купува нивни чамци, скифови и дублите.

Сите членови и сите засегнати од оваа појава како со клубот така и со федерацијата единствена надеж и желба е преку таквите аукции да изнајдат начин и средства да си ги повратат во своја корист сите неопходни реквизити за непречена работа и натпреварување. Исто така има најава дека тие имаат спремни идејни решенија, предлози и насоки во разрешување на нивниот проблем, но за жал никој до сега не го слушнал нивниот глас ниту пак ги има разгледано нивните решенија за спас на веслачкиот спорт.

Згаснувањето на спорт само по себе е жална вест и е од големо значење, но кога се работи за спорт кој е промотор на Охрид, кој е промотор и амбасадор на нашата земја,кој е туристичка атракција,  во исто време и еден од најстарите спортски клубови во Македонија како и голем број на спортисти што ќе останат без нивниот сакан спорт е и повеќе и од доволно секако и крајно време да се преземе нешто конкретно и овој проблем да биде поставен на маса кај сите оние што се надлежни и кон сите што можат на било каков начин да помогнат да се изнајде позитивен епилог.

Директно од Јужна трибина -Предраг Јанчески