Сама против сите

СПОРТСКИ КОЛУМНИ

Тенисот е индивидуален спорт кој во нашата земја нема голема традиција, успеси и посветено внимание. Како и во секој спорт, така и во тенисот сме имале и имаме талентирани спортисти, но кога тие не ги третираме на професионално ниво и не се обрнува внимание на нивниот талент да прерасне во светски квалитет имаме само моментални блесоци само колку да покажеме дека сме талентирана спортска нација.

Исто така загрижувачки е фактот што индивидуалните спортови ни се на маргините, а спортистите во тие спортови се во подредена ситуација. Во минатото сме ги имале: Илија Мартиновски, Предраг Русевски, а како најдобар пример и најсвеж секако ние Лина Ѓорческа. Младата тетовчанка ги руши сите бариери дека малите и сиромашни земји не можат да се носат со богатите држави во тенискиот свет кој е сметан за привилегија на богатите и моќните. Се повеќе земји вложуваат во тениските надежи бидејќи преку тенисот се повеќе млади гледаат можност да заработат милионски суми и светска слава.

Лина ги постигнува најдобрите резултати во историјата на тенисот во Македонија и е на чекор да влезе на еден Грен Слем Турнир таа е првата македонка што е во таква привилегирана  конкуренција. Исто така Лина до сега најдобар нејзин ранкинг е 187 место  во ВТА ранкингот. Има освоено бројни турнири во Челенџ низ светските бројни турнири, како индивидуално така и во конкуренција на двојки.

Освен што нејзина најголема желба и сон е да се настапува на еден голем Грен Слем Турнир, се повеќе се труди да влезе и на ВТА турнири кои носат големи суми и голем број на ранкинг поени. Најголем дострел на Грен Слем и е квалификации, која оваа година беше најблиску односно и недостигаше само уште еден чекор за да влезе на главниот турнир во Мелбурн, но за жал третото квалификациско коло се покажа барем за оваа година непремостлива пречка.

Лина Ѓорческа е пример како со сопсвени вложувања, напорни тренинзи, без тим околу неа освен нејзиното семејство како се бори сама против сите во нерамноправна борба, каде сите останати се со огромни  вложени финансиски средства, имаат цели тимови околу себе кои се грижат за нивното здравје, за тренинг програмите, исхрана, витамини, партнери за тренинг, сместувања, патувања, опрема, инфраструктура и итн.

Кога барем дел од овие услови би имала нашата тенисерка не се сомневам дека таа за брзо време би се наоѓала во првите 100 најдобри тенисерки, а ВТА турнирите и Грен Слем турнирите би била таму редовна учесничка на тие големи и престижни натпреварувања. Тенисот е спорт кој бара сериозни вложувања и професионален однос кон секој детал и сегмент и неизбежно е да има квалитетна инфраструктура. Зарем сите врати се затворени, за оваа тениска надеж и резултати од светски калибар. Успехот на Лина е и успех и репрезент на самата држава во Европа и светот, но за да се оди во позитивен правец веќе крајно е време спонзорите, фирмите, бизнисмените и институциите да се обединат и да најдат формула за успешни резултати.

Секоја помош е само гарант плус дека во блиска иднина врвните спортски резултати се на дофат. Доказ дека нашиот тенис има иднина е фактот што сме имале бројни прваци во младите категории, но најголем проблем е трансформацијата од талент до нивото на сениорски професионалец и пресликување и надградување на резултатите од младите категории и во сениорска конкуренција.

Многу големи разлики има во пристапот и вложените средства во младите категории, а сосема поинаков е пристапот, тренажниот процес и вложувањата на сениорско ниво. Родителите се додека имаат финансии и трпение да вложуваат во своите деца тие имаат забележителни резултати, но кога треба да се оди едно ниво повисоко и да се дуплираат тие средства тогаш нашите талентирани тенисери/ки не можат да се носат со останатите.

Тениската федерација, бизнис секторот и институциите треба да направат долготрајна стратегија и план да се премостат овие проблеми и тенисот да си го зазема своето место на спортскиот подиум.

Директно од Јужна трибина – Предраг Јанчески