Пелистер е како Феенорд и Битола е како Ротердам

По начинот на живеење, култура, економија и се останато сме многу далеку од споредба со Холандија. Но зошто токму споредба Пелистер-Феенорд и Битола-Ротердам, затоа што спортот не познава граници и високобуџетни клубови да може да се направи соодветна компарација.

Феенорд по пост од 18 години оваа натпреварувачка сезона во Ередевизија ја освои толку посакуваната и сонувана со години шампионска титула.  Пелистер пак во Македонија по пауза од 16 години повторно го освои купот. По освоената титула навивачите на Феенорд сите излегоа од своите домови и направија огромна река од луѓе по родердамските улици и плоштади. Луѓето плачеа од радост, бидејќи дел од тие луѓе остареле а секоја година биле во исчекување да освои нивниот омилен тим титула, младите пак навивачи ја имале таа среќа токму во нивно време да се освои титулата по долгогодишна пауза и апстинеција, односно доминација на Ајакс и ПСВ Ајдховен.

Пелистер ја имаше истата судбина, со тоа што како што е Феенорд во Холандија, тоа е Пелистер во Македониаја. Но битолкиот бренд имаше потежок и потрнлив пат затоа што минатата сезона беа на раб да испаднат во понизок ранг, за да оваа сезона да се хит во ПМФЛ каде што го освоија вториот куп во својата историја, а во првенството се при самиот врв на тебелата. Исто така битолчани масовно излегоа за да го слават триумфот на својот миленик во градот до касните утрински часови. Зелената боја е сега во мода, а на радоста на фудбалерите и на навивачите е бескрајна и обострана. Чкембарите никогаш не го оставиле својот сакан тим и кога на тимот му било најтешко и на раб на егзистенција, нека овој голем успех им биде само мотивација плус да се мобилизираат во своите редови и на евросцената да се покажат во вистинско светло секако заедно со фудбалерите.

Има неколку занимливости и податоци што се интересни и поврзани токму со двата клуба и одиграното куп финале. Баже Илијовски по 5-ти пат во кариерата го освојува купот на Македонија со максимален учинок од пет финалиња и пет трофеи. Кристијан Тошевски пак иако е млад сепак за него ова е втора титула, првата ја освои со тимот на Тетекс, а баш триумфираше против истиот опонент, односно против тетовска Шкендија. На тренерот на Пелистер Наџи Шансои ова му е трето финале во различни земји, но прва освоена титула. Стадионот ,,Младост е таличен за пелистерци, бидејќи во 2009 година тука се играл баражот за опстанок помеѓу истиве две екипи, а Пелистер и тогаш бил поуспешен. Младинците на Пелистер на истиов стадион имаат освоено титула против Вардар, па најавите дека битолчани планираат своите евро-натпревари да ги играат во Струмица не е за изненадување. Ова финале е и со најбрзата измена во историјата на било кое финално натпреварување, затоа што уште во првата минута голманот Христијан Петровски беше заменет со Илчо Петровски, само поради фактот што пропозициите на ФФМ налагаат еден младинец да започне во секоја од екипите во нашата лига. Голем пропуст и аматерска организација на ова финале од страна на ФФМ, бидејќи и по сите кажувања дека картите се распродадени и дека не очекува полн стадион и празник на фудбалот сепак сликата беше поинаква и видовме полупразен стадион, а илјадници навивачи и љубители на фудбалот иако имаше место и празни столчиња не им беше дозволено да го гледаат во живо ова куп финале.

На ,,Зелените им преостанува да го доиграат првенството и со квалитетни подготовки и некое засилување да се обидат да направат и прогрес во квалификациите за Лига на Европа. И тимот на Шкендија го очекува истото, па освен квалитени летни подготовки нив им се потребни кадровски решенија, подобра организираност, професионалност во менаџментот и играчки засилуввања и барем повторување на ланскиот успех кога беа во Плејоф последната пречка за влез во групите во Лигата на Европа. Овие две екипи и наредна сезона ќе водат битка и ќе има уште еден нов ривалитет на релација  Тетово – Струмица и секако понеизвесна битка за титулите на двата фудбалски фронта.

 

Директно од Јужна Трибина – Предраг Јанчески

Напишете коментар