Тивкиот собирач на титули

Малага 0: 2 Реал Мадрид иако на кралевите им требаше само бод до титулата сепак на рутински победнички начин започнувајќи со ран погодок на Кристијано Роналдо, завршувајќи со гол за титула во 55 минута на Карим Бензема тимот на Реал Мадрид по рекорден 33 пат ја освојува Примера, а тивкиот лидер од клупата Зинедин Зидан иако оспоруван и му се забележуваше за изборот на фудбалери и нивната минутажа, сепак тој беше истраен, доследен на своите методи и го преслика на терен се она што го содржеше во себе во играчките денови кога беше голем мајстор на фудбалската игра.

Лани им ја донесе титулата во Лигата на шампиони, а оваа сезона освен титулата во домашното првенство која што ја прекинува доминацијата на Барселона која патем победи само за престиж Барселона 4 : 2 Еибар, ќе се обиде Зидан со своите фудбалери да ја одбрани титулата во Кардиф и да постанат тимот со првата одбрана на шампионска титула од ова натпреварување.

Барселона освен освоените 90 бодиви и минус од 3 бода од Реал, односно кралевите имаа 93 бодови, ќе пробаат да го освојат Купот на Шпанија за спас на нивната сезона, инаку индивидуално Лео Меси со 37 гола не само што е голгетер број еден во Шпанија, туку е и Златна копачна на Европа со најмногу постигнати голови.

Предраг Јанчески

Напишете коментар