Македонката Регина со кореографија за “Someone’s Got You In Their Prayers Tonight”

МУЗИКА
 Регина Клењоски  ја креираше кореографијата за видеото за песната од Еван Шелтон “Someone’s Got You In Their Prayers Tonight” . Светската премиера на песната е најавена за денес.

Регина е уметнички директор на компанијата Regina Klenjoski Dance со седиште во Лос Анџелес и во Вичита. Таа во моментов е хонорарен професор во одделот за танц во Вичита Државниот универзитет.

За тие кои не знаат Регина Клењоски по потекло е од селото Јабланица кое се наоѓа во Струга.

Студиото   Regina Klenjoski Dance  е формирано во 1999 година од страна на Регина Клењоски и според публиката, критичарите и многубројните награди од областа на модерните танци тоа е едно од најпрестижните студија во САД.