Сулејманов,Колушевски, Рустемоски, Матиќ кој друг е следен ?

 

Македонската фудбалска репрезентација од ниеден аспект не е атрактивна за македонците кои имаат наши корени и кои што селекторите дали се од младинските катагории или од А селекцијата кога ќе ги повикаат идните репрезентативци тие или ги игнорираат или ги одбиваат повиците,  чекајќи повик од друга репрезентација.

Таулант Сулејманов веќе дебитираше како тинејџер и во тоа време најмлад дебитант (приматот му го презеде Чурлинов со настапот на пријателската средба против Белорусија) , а сега неговите најави се дека сака да игра за репрезентацијата на Албанија.

Колушевски играше за младинските наши селекции, но кога требаше да добие повик за А селекцијата се одлучи да настапува за Шведска. Рустемоски доби повик за пријателската средба против Турција и квалификацискиот натпревар против Шпанија, па и тој го одби селекторот и очекува повик од Швајцарија.

Матиќ дури беше претставен во дрес на нашата репрезентација, направи Фотосесија со претседателот на ФФМ Илчо Ѓорѓиовски, за да на крај да ја одбие Македонија и да прифати да настапува за Србија. Се поставува прашањето кој е следен и до кога ќе трае овој тренд ? 

Напишете коментар