Христијан Бујароски: Бендот NO FUN ќе продолжи да ја негува квалитетната музика

Колку време постои групата “No Fun” на музичката сцена и кој се ја сочинува ?

Бендот No Fun  постои  10 години. Како средношколци почнавме да свириме заедно и во истиот состав сме и денес. Христијан Бујароски – гитарист и вокал, Ристе Гашоски – тапанар,вокал и Дарко Бујароски – басист,вокал. Ристе предходно свиреше гитара па почна да свири на тапани. Нашата прва свирка беше во 2007 година.

 Каков вид на музика свирите на вашите свирки ?

Ние пред се свириме кавер песни. Музика која ретко се слуша денес, особено по радио и телевизија. Неизбежни се некој нови форсирани ствари од некој познати фаци кој немаат ништо вредно од музика но мора да се пуштаат нивните спотови и песни по радио и тв.(зборувам за странската музика,турбофолкот). Нашиот репертоар е спротивен од тоа. Ерик Клептон, Џими Хендрикс, Стинг, U2, Pink Floyd,Red Hot Chili Peppers,Dire Straits,Eagles,Nirvana,Police,Oasis,Inxs… се дел од бендовите и артистите што можат да се сретнат на една свирка.

 Дали имате снимено авторски песни и дали планирате да снимите во иднина ?

Имаме неколку авторски песни и од истите имаме демо снимки кој ги снимавме самите ние.Сакаме да снимаме квалитетни снимки од некој од нив , а сакаме да направиме и нешто ново.Тоа е долг процес кој бара посветеност,работа и време.Нас се помалку ни останува време за тоа,но веруваме дека ќе најдеме и ќе ги израдуваме нашите фанови.

 Каде најчесто настапувате т.е. каде може да ве најдат вашите обожаватели?

Најчесто настапуваме во локали во Охрид и Струга .Добро е што има места кој прават рок свирки,но и слушатели на добрата музика.

 Дали може во Македонија да се живее од музика или мора да се работи и нешто друго?

Во Македонија секој работи по две работи 🙂 . Свирењето е наша втора работа. Може да се живее од музика не е дека неможе но бара работа, посветеност, креативност….Македонија има доста светски познати музичари.Тоа што е добро тука, е добро секаде.

Што ќе им порачате на читателите на www.javisejuzna.mk ?

Да слушаат добра музика. Немора тоа да биде рок музика. Да го препознаат вредното,уметничкото нешто во музиката. Неможе некоја песна спремана шаблонски за еден ден да биде вредна, да опишува некакво чувство или состојба или нешто.Таквата песна денес се појавува и се губи како многу други што се изгубиле во времепловот.Но дали се изгубила Another brick in the wall?

Напишете коментар