Тамара Ангеловска со прекрасна песна на англиски јазик (ВИДЕО)

МУЗИКА

Тамара Ангеловска ја објави својата прва авторска песна на англиски јазик со светски призвук насловена како „Blame of you“ во продукција на реномираната продукција High Records.

Видео приказната за темата „Blame of you“ која понатаму ќе добие и своја македонска верзија, снимена е во Струга во продукција на Џубокс Видео под режисерската палка на Џулиани.

Креацијата е на Златко Јовановски – ЈЗЈ и шминката на Ника мејк-ап целосно ја истакнуваат природната убавина на Тамара.