Банана торта

Лесен и вкусен десерт баш за овие летни денови.

Потребни состојки

Пандишпан:

  • 6 јајца
  • 150 гр шеќер
  • 4 лажици вода
  • 2 лажици масло
  • 1 пециво
  • Брашно по потреба ( отприлика околу една чаша)

Фил:

  • 3 пудинзи од ванила
  • 1 литар млеко
  • 6 лажици шеќер
  • 200 мл слатка павлака
  • 6 – 8 банани
  • 1 кесичка шлаг

Подготовка:

Прво се варат пудинзите со млекото и шеќерот и се остава да се изладат.

Во меѓувреме се подготвува пандишпанот. Јајцата се матат со шеќерот, кога убаво ќе се изматат се додава водата и маслото, пецивото и брашното. Смесата се става во ѓувеч на хартија за печење и се става во загреана рерна на 180 степени додека не се испечи.

Кога подготвениот пудинг ќе се излади, настрана се мати слатката павлака и потоа се меша заедно со пудингот.

Испечениот и изладен пандишпан се сечи на два дела. Едниот дел се става на чинија за торта и се филува со филот од пудинг и слатка павлака. Потоа одозгора се става по 3 цели банани по должината на тортата, па повторно се филува со филот. Одозгора се става другиот пандишпан и се премачкува цела торта со филот. На крај се мати кесичката шлаг со млеко и тортата се премачкува со шлаг. По желба одозгора може да украсите со рендана чоколада.

Добар апетит!

Напишете коментар