Ѕвездите фудбалски во Македонија немаат сјај како западно-европските

СПОРТСКИ КОЛУМНИ

Во модерниот фудбалски свет веќе играта е претворена во бизнис, шоу, вртоглави милионски суми се вртат и профитот е пред се. Западна Европа е во предност во однос на остатокот на Европа и пошироко во однос на развојот во спортот, инфраструктурата, традицијата, финансиските средства итн. Денешните теркови ни носат трансвер од еден во друг клуб не за 1 до 2 милиони евра туку цифрите одат над 100 милиони евра.

Што се однесува до Балканскиот Полуостров поточно што се однесува до Македонија иако сме свесни дека заостануваме премногу во инфраструктура, стручен кадар, едукација, финансии , долгорочни планови сепак во едно сум сигурен дека не заостануваме во талент во квалитет со останатите најразвиени спортски земји.

Поткрепа на ова тврдење е штотуку завршеното Европско Првенство во Полска до У-21 каде што нашата млада селекција успеа најпрвин да се пласира, а се пласираа само 12 селекции и самиот тој факт не сместува во најдобрите 12 во Европа во младинска конкуренција.

Од каде произлегува токму овој наслов (,,Ѕвездите фудбалски во Македонија немаат сјај како западно-европските) ? Со издржани факти и размислувања ќе се обидам да ја разјаснам и да ги претставам сопсвените гледишта:

Ќе започнам со голманската позиција. Бразилкиот интернационалец Едерсон кој до скоро бранеше за Бенфика  летово направи трансвер за невероватни 40 милиони фунти во тимот на Манчестер Сити. Голманот на Англија Пикфорд кој бранеше на ЕП Полска до     У-21 исто така направи трансвер од тимот на премиерлигашот Сандерленд кој испадна во Чемпионшип премина во Евертон за вртоглава сума од 30 милиони фунти. Донарума од Милан кој исто така настапи на престојното ЕП за својата Италија, се очекува да направи рекорден трансвер ако не оваа сезона тогаш во наредната натпреварувачка сезона и сумата сигурно ќе биде над 60-70 милиони евра, а се работи само за тинејџер.

Компарацијата со нашите квалитетни голмани како што се Столе Димитриевски кој по одличниот трансвер во Удинезе, но сепак на стартот тимот од Удине немаше доверба да му ја додели единицата па беше позајмуван во Гранада, а таму најчесто беше во вториот тим, со само еден настап во Примера Дивизион, а неговиот фудбалски пат го одведоа во второлигашка конкуренција во тимот на Гимнастик кој втората полусезона беше закован на резервната клупа и има обврзани раце да направи трансвер во Луго тим кој исто така е од втора лига во Шпанија. Младиот струмичанец Илиев кој направи супер квалитетен трансвер за Арсенал, но таму е далеку од првиот тим, со настапи само за младинскиот тим на Арсенал кој до сега го пратеа голем број на повреди. Игор Алексоски кој исто така настапи за Македонија на ЕП во Полска нималку не заостанува од останатите квалитетни голмани, но ја живее суровата реалност и е надвор од скаутингот на големите европски клубови кој ќе го одврзат ќесето и ќе извадат на маса милионска сума.

Во делот на дефанзивата Стоунс од Евертон направи трансвер во Манчестер Сити за рекорден трансвер за дефанзивец од 50 милиони фунти, потоа ова лето младиот швеѓанец Линделоф направи трансвер од Бенфика во Манчестер Јунајтед за сума од 30 милиони фунти. Додека нашите млади дефанзивци како што се Ѓоко Зајков кој направи солиден трансвер во Рен (Франција), за потоа без да му се даде било каква шанса да биде позајмен во Белгија, а во тимот на Шарлероа беше во втор план и не конкурираше за првиот нивен тим и настап на првенствени натпревари. Тука се и Дарко Велковски, Демири и Бејтулаи но тие најчесто се спомнуваат за трансвер или во балкански клубови или во клубови од типот на Грасхоперс и сличен тип на клубови кои се солидно познати но не се од самиот европски крем.

Средината на теренот е најбараната и најтрасверираната позиција со фудбалери и таму се вртат вртоглави милионски суми каде што најсвеж пример е трансверот на Бернардо Силва од тимот на Монако во Манчестер Сити за 70 милиони фунти, потоа пред две години Реал Мадрид потроши 80 милиони евра на Џејмс Родригез, а ги заработи тимот на Монако, а најголемиот трансвер во светот се склучи минатот лето за рекордни 110 милиони евра на Пол Погба од тимот на Јувентус во Манчестер Јунајтед. Инаку во бројните шпекулации ова лето вклучени се и Бакајоко (Монако), Родригез (Реал Мадрид) и други кои што ја надминуваат границата од 50 милиони евра, а што се однесува до нашите фудбалери на таа позиција како што се Бобан Николов (Вардар), Давид Бабунски (Јокохама,Јапонија), Даниел Аврамовски (Олимпија Љубјана) тие суми  и клубови се само сон.

Фудбалерите во нападот се исто така многу барани на трансвер пазарот секако и многу платени, а Суарез од Ливерпул направи трансвер во Барселона за 70 милиони евра пред неколку години,додека ова лето Андре Силва од Порто направи трансвер во Милан за 40 милиони евра, а листата е преголема да се пишат сите милионски транвсери. Македонските напаѓачи Марјан Радески (Шкендија), Виктор Ангелов (Ујпешт), Петар Петковски(Вардар), Дарко Чурлинов (Келн младински состав) се далеку од случувањата и барањата на големите клубови за трансверни суми како и нивните.

Во текстот погоре се испуштени Енис Барди од Ујпешт кој воедно беше избран меѓу најдобрите 11 во групната фаза на ЕП во Полска до У-21 и Елиф Елмаз од Работнички кој и тој беше и настапи на ЕП во Полска. Ако се следат медиумите и шпекулациите за нивните идни трансвери може да се прочита дека Барди и Елмаз би заминале во Видеотон (Унгарија), Херенвен (Холандија), Динамо Загреб и Хајдук Сплит (Хрватска) и Галатасарај (Турција). Според нивниот квалитет и потенцијал не заостануваат со ниту една фудбалска ѕвезда па освен трансвер во Манчестер (Јунајтед,Сити), Реал, Барса, Баерн Минхен, Борусија Дортмунд, Милан, Јуве, Интер и итн ќе биде жалосно да не влезат во костец со ѕвездените светски фудбалери па да имаме и ние и тие самите да се докажат на мега дерби натпревари.

Трансверите во денешно време што изнесуваат над 50 милиони евра во македонски услови трансверните рекорди се движат околу 70, 80, 100, 150 илјади евра, можеби сме многу далеку од големи трансвери, но нашата фудбалска иднина ние загарантирана за долги години и овој талент да го претвориме во квалитет, па освен настап на младинско ЕП за скоро да имаме и сениорско учество на големо натпреварување.

Предраг Јанчески