Работнички на ниво, Пелистер импресиониран и прегазен во Познањ

Тимот на Работнички патуваше на Сан Марино кај тимот на Тре Пене како носител во прво квалификациско коло и беше единствен преставник од Македонија со привилегирана ждребка, но сепак аматерскиот тим на Тре Пене одолеваше се до самиот крај ,,Романтичарите имаа над 10 шанси за гол, го имаа поседот на топката и моментот за радост беше во самиот финиш во 90 минута од корнер, а изведувач воедно и асистент беше Херера каде што Деан Митрев го постигна голот за победа и мирен реванш во Скопје.

Сликата во Познањ во Полска каде што гостуваше Пелистер на тимот на Лех беше сосема поинаква односно нивниот стадион беше исполнет до последното место со одлична атмосвера, каде што Пелистер влезе со голем респект кон противникот, а потценувајќи си ги своите фудбалски способности, каде што Лех уште во првото полувреме го завери пласманот во второ квалификациско коло со краен резултат 4:0, а реваншот во Македонија ќе биде само чиста формалност.

Напишете коментар