Фудбалот е игра во која на крај победува Германија

Германија покажува по не броен пат дека е селекција и држава што менталниот склоп им е нивна главна карактеристика и најдоброто го покажуваат кога е најпотребно, односно во финалните натпревари. Констатацијата е сосема на место кога ќе кажеме дека фудбалот е игра во која што на крај победува Германија.

Да почнеме по ред каде што уште на стартот од мечот младите германци преку пресинг игра не им дозволи на противникот да ја прикаже и да ја наметне својата игра. Панцерите преку Ваисер, на два пати Гнабри и капитенот Арнолд имаа одлични шанси за погодок, додека шпанците се заканија единствено преку десниот бек Белерин кој со глава биеше над голот. Германската иницијатива и поголемиот посед на топка го претворија во гол во 40 минута на одлична асистенција на десниот бек Толјан , а Ваисер со парабола со глава биеше неодбранливо во десниот голманов агол за водство на натпреварот.

Второто полувреме почна со нервозна игра од двете страни каде што за неколку минути германците заработија брзи три жолти картони. Првата закана во вториот дел се случи во 58 минута кога од далечина шутираше Саул Нигез, а голманот Полерзберг изби во корнер. Преку контра напади германците пропуштија шанса пред време да го решат натпреварот со бројни промашувања на Гнабри, но неговите промашувања неговите колеги од одбраната пред се Штајн ја одработија максимално прецисно и средбата ја приведоа во целосна контрола за титула на Германија, а на другата страна разочарување на фаворитот за титулата.

МВП беше прогласен изненадувачки шпанскиот репрезентативец Себалос, додека најдобар стрелец на шампионатот беше Саул Нигез со 5 постигнати гола.

Напишете коментар