Кире Лазаров отвора школи за ракомет

СПОРТ

Деновиве привршува успешно кампот на “Капитенот” во Охрид. Оваа година повторно зедоа учество голем број на деца од сите страни во светот кои ги учеа тајните на ракометот од многу познати тренери и актуелни ракометари.

Но Кире Лазаров не планира да застане само на кампот туку најави отворање на седум школи за ракомет во Валандово, Струга, Охрид, Свети Николе, Скопје, Богданци и Стојаково. А  во најава е дополнително ширење на овој проект со отворање на нови школи за ракомет во останатите градови од нашата земја.

Познавајќи го Кире и колку е тој посветен на ракометната игра не се сомневаме дека преку неговите школи ќе излезат наследници, квалитетни ракометари кои ќе го наследат успешно во репрезентацијата.