Анализа на групата на РК Вардар

СПОРТ

Актуелниот  европски првак Вардар одбраната на шампионската титула во елитното натпреварување ќе ја започне во А групата. Вардарци таму за противници ќе ги имаат Барселона (Шпанија),  Рајн Некар Левен (Германија), Нант (Франција), ППД Загреб (Хрватска), Пик Сегед (Унгарија), Висла (Полска) и Кристијанштад (Шведска).

Вардар е фаворит во оваа група каде очекуваме повторно да стигне до првото место.  Според нашите анализи главни конкуренти за првото место ќе му бидат германскиот шампион Рајн Нехар каде од лани настапува нашиот ракометен бисер Филип Талески и Нант кој е значително засилен со многу ракометари меѓу кои и нашата гол машина Кире Лазаров.  Шпанскиот гигант Барселона доколку не го ангажира Палмарсон сметаме дека нема да има шанса со овие три екипи да се вмеша во трката за првото место. Причина плус е заминувањето на нашиот Кире кој беше клучна алка во нивната игра.

Пиг Сегед  и Висла се секогаш незгодни екипи за секој тим посебно кога играат на домашен терен.

ППД Загреб и Кристијанштад се аутсајдерите во оваа група кои ќе се борат да го избегнат последното место.