Анализа на групата на РК Металург

Македонскиот вицешампион Металург ги доби противниците во ракометната лига на шампиони.  Металург ќе игра во групата Д каде противници ќе му бидат Мотор Запорожје (Украина), Монпелје (Франција), Бешикташ (Турција), Чеховски Медведи (Русија) и Квалификант.

Во оваа група Монпелје е тимот кој не би требало да има проблеми во освојувањето на првото место бидејќи е далеку покавалитетен тим од сите останати.

Реалните шанси на Металург се борба за второто место заедно со украинскиот Мотор и наша претпоставка со засилениот Спортинг од Португалија кој би требало да ја помине квалификациската група. Спортинг е фаворит во квалификациската група каде се уште Татран Прешов (Словачка), Алпла Хард (Австрија) и Кокс (Финска).

Бешикташ кој се соочува со финансиски проблеми и Чековски Медведи сметаме дека немаат шанси за првите две позиции.

Напишете коментар