СТИВЕН КАРИ ПОТПИША НЕВЕРОЈАТЕН ДОГОВОР ЗА ВОРИОРСИ СО ВИСИНА ОД 201 МИЛИОН ДОЛАРИ

СПОРТ

Очигледно Голден Стејт Вориорс знае да ги цени и задржи своите играчи. Откако успеа да склучи договор со Кевин Дурант, кој имаше неверојатен придонес за освојувањето на овогодинешната титула , продолжува да изградува победнички тим.

Стивен Кари ја започна својата кариера за Вориорс како 7-ми избран играч во НБА драфтот за 2009 година.190 cm високиот плејмејкер преставува фундаментална алка за тимот на Вориорс кој неодамна ја стекна својата сосема заслужена втора НБА титула во временски период од три години. Кари е тип на играч кој прави сите останати соиграчи да се покажат во најдобро светло и да дадат се од себе на теренот. За тоа потврдуваат неговите статистики од 7 асистенции, 5 скокови ,2 украдени топки и 30 поени во просек од еден натпревар.

Причината за сите овие статистики е тоа што тие се доказ за тоа колку тој вреди како играч. Очигледно и повеќе од ЛеБрон Џејмс, кој му честиташе за потпишаниот договор. Со текот на годините Кари прераснува во играч кој не може а да не се забележи. Неговиот неверојатен процент и шут за тројка од невозможни ситуации (пола терен), како и достигнување на поени во последна секунда го издвојуваат од останатите играчи во НБА лигата и го носат на бр.1 местото на најплатените. Тој го продолжи  договорот со Вориорс, за рок од 5 години, со износ од неверојатни 201 милион долари , што претставува најголемиот износ во историјата на НБА.

Останува само прашањето дали ќе ја усовршува својата НБА  кариера само за еден тим или ќе направи промена? Останува да проследиме.

Наташа Костовска