Пресврт за ново финале на “Спартанците”

Maкедонската машка одбојкарска репрезентација со фантастичен пресврт успеа да обезбеди пласман во финалето на Европската лига.

Данците кои се домаќини на завршниот турнир ги освоија првите два сета (25:19 и 25:20) во кои нашиот тим не успеваше да најде решение за играта на противникот.

Работите тргнаа на подобро во третиот сет во кој “спартанците“ со сигурен сервис и добра реализација во нападот намали на 2:1 добивајќи го овој дел од мечот со 25:14. Во четвртиот сет продолжи серијата на нашите одбојкари  што резултираше со израмнување на 2:2 и борба за финале во петтиот сет.

Најдобриот наш одбојкар Никола Ѓорѓиев беше на ниво на задачата во клучните моменти, а тај-брејкот им припадна на нашите одбојкари(15:11).

Напишете коментар