Португалија како дебитанти на крај трети

СПОРТ

Португалија после шампионскиот трофеј на европското првенство во Франција, дебитираа за прва пат на Купот на Конфедерации каде што во дуелот за бронзата по 120 минути игра против Мексико победија со 2:1 по регуларните 90 минути беше 1:1.

Мексико настапи со оние фудбалери кои го носеа товарот низ цело натпреварување,  а додека во спротивниот табор кај португалците сликата беше поинаква, бидејќи тие чуствуваа разочараност што не влегоа во големо финале и елиминацијата од Чиле се уште не ја заборавиле. Па за овој натпревар настапија со вториот нивен состав, а Кристијано Роналдо добил дозвола дури да го напушти националниот тим и да се приклучи на клупските подготовки.

Двете селекции имаа напаѓачки пристап што и е нивна главна одлика во нивната игра. По многу акции и шанси на двете страни, првата посериозна шанса беше досудениот пенал во корист на Португалија, каде што одговорноста ја презеде младиот напаѓач Андре Силва, а голманот на мексиканците Очоа го процени шутот и успеа да спречи гол во неговата мрежа. Првиот дел заврши со 0:0 и вториот дел подобро го отвори Мексико кој што во 54 минута по продорот по лева страна на Хернандес Чичарито убаво го проигра на пет метри Карлос Вела кој неочекувано лошо одреагира и ја промаши цела топка, но таа заврши во коленото на дефанзивецот Нето и се упати кон празната мрежа на Руи Патрисио за водство на Мексико.

До крајот на натпреварот португалците имаа целосна доминација и бараа израмнување што и се случи во последните моменти од средбата, односно во 91 минута каде што убаво од десната страна нафрли резервистот Кварезма за да од пеналтикот дефанзивецот Пепе со Кунг Фу потег да ја затреси противничката мрежа за реми што и го заслужија како се одвиваше цел натпревар.

Во продолженијата поконкретни беа Мексиканците, а исто така за одбележување е и фактот што кај двете селекции имаше по еден црвен картон. Кај Португалија беше исклучен десниот бек Семедо заради заработени два жолти картони, додека кај Мексико поцрвене резервистот Раул Хименез исто така по два заработени жолти картони. Момент на одлука беше 104 минута кога во шеснаесетникот се најде Желсон Мартинс кој се обиде да го префрли на Лајун кој веќе беше надмудрен па се реши да одигра со рака и на судијата не му преостана ништо друго освен да покаже на белата точка. Сигурен реализатор на пеналот беше капитенот на Спортинг Лисабон од средниот ред Адриан Силва за целосен резултатски пресврт и за бронза од настапот на Куп на Конфедерации во Русија.