НЕВООБИЧАЕНИ УБАВИНИ ВО СВЕТОТ

1.Прекрасна илузија на подводниот водопад во Маврициус

Па речиси, тоа е всушност само илузија … но изгледа сосема реално. Како слика создадена од самата мајка природа, островот Маврициус се наоѓа на 2.000 километри од југоисточниот брег на Африка, во близина на Мадагаскар.

Причината за ваквата илузија е поврзана со локалните песочни и слични наслаги кои протекуваат низ областа и ја менуваат бојата на водата, така што изгледа како водопад.

2.Индонезиски вулкан од чиј кратер еруптира сина лава

Сулфурните гасови согоруваат на такви високи температури што овој вулкан во Индонезија избива со сина лава.

3.Виножитно дрво – овие австралиски еукалиптус дрвја се познати по нивната единствена, мулти-обоена кора.

4.Цветни пустини во Чиле

Цветната пустина е климатски феномен што се јавува во пустината Атакама, Чиле. Феноменот се состои од расцутување на широк спектар на цвеќиња помеѓу месеците од септември до ноември, во годините кога врнежите се невообичаено високи.

5.Голема сина дупка во Белиз

Големата сина дупка е дестинација од светска класа за рекреативни нуркачи привлечени од можноста да се нурне во кристално чисти води и да се видат огромен број видови морски животни вклучувајќи тропски риби и спектакуларни корални формации.Има  кружна форма, во широчина над 300 метри и длабочина од 125 метри. Најголемата светска природна формација од ваков вид, Големата сина дупка е дел од поголемиот резервен систем за корален гребен, и е заштитена со УНЕСКО.

Наташа Костовска

 

Напишете коментар