Лиужоу – Шумскиот град кој започнува да се гради во Кина

ДЕСТИНАЦИИИ

Кина започна да го развива првиот ,,Шумски град,, чија основна цел е борба против загадувањето на воздухот. Шумскиот град  дизајниран од Стефано Боери, оживува во Лиужоу, провинцијата Гуанкси на 175 хектари по должината на бреговите на реката Лиу. Се очекува да биде завршен во 2020 година.

Околу 1 милион растенија од 100 различни видови и 40 000 дрвја ќе бидат засадени во Шумскиот град. Фирмата на дизајнерот Стефано Боери која ги постави првите концептуални семиња во градот тврди дека Шумскиот град Лиужоу може да апсорбира над 10 000 тони CO2 и други загадувачи годишно, а од растенијата би можело да се произведува до 900 тони годишно кислород.

Но, не се само луѓето оние кои ќе имаат корист од развојот на овој град. Имено, различните видови птици од областа Лиужоу ќе добијат нов дом што ќе доведе до зачувување на биолошкта разновидност.

Секако, жителите на овој град нема да живеат во згради од дрвја и лисја, туку овој град ќе им ги пружи сите удобности на модерниот град вклучувајќи го и брзиот електричен воз. Шумскиот град ќе се потпира на геотермална енергија за напојување на внатрешните системи за климатизација, а соларните панели ќе обезбедат електрична енергија.

Изградбата на ваков град во индустриските центри во земјата ќе биде вистински тест за практично решавање на проблемите со загадувањето во Кина каде што околу 1.1 милиони луѓе годишно ги губат своите животи како резултат на ефектите од смог и нечист воздух.