ПОТВРДЕНИ СЕ ГРУПИТЕ ЗА ЖЕНСКИОТ КОШАРКАРСКИ ЕВРОБАСКЕТ 2019

СПОРТ

Пред неколку денабеа одредени14 тимови кои ќе се приклучат на домаќините Србија и Латвија во финалето кое ќе започне за две години.Додека ждребот за квалификациските групи се одржа денес.

Квалификаторите ќе играат во осум групи составени од четири екипи во секој формат. Најдобриот тим од секоја од осумте групи, како и шестте најдобри екипи од второ место, ќе освојат места во финалето.

Сениораската репрезентација на Македонија ќе се бори за едно од првите две места во групата против Хрватска, Шведска и Италија. Значајно е да се напомене дека женската кошаркарска репрезентација по период од 3 години мирување повторно се враќа на паркетот и да се надеваме дека ќе не изненади позитивно со нивниот успех.

Наташа Костовска