LG W7 OLED – Телевизор или ѕидна уметност (ВИДЕО)

РАЗНО

Само кога мислевте дека телевизорите со рамен екран не  можат да станат потенки или полесни, LG исфрла нешто ново на пазарот.

Новиот W7 OLED е како ни еден телевизор што некогаш сте го виделе. Неможе да се постави на пиедестал. W7 се прицврстува на ѕид и зафаќа само 3,85 милиметри, толку тенок што никогаш нема да гозабележите од страна.65-инчниот модел тежи само 18 килограми ,додека 77-инчен тежи 27. Тоа е помалку од многуте 32-инчни LCD-екрани, доволно лесни за да се прикачат насекаде, без да се грижите за ѕидните столпчиња или ограничувањата на тежината. LG вклучува , чиј врв е завртен кон ѕидот, додека долниот дел се држи до ѕидот со помош на магнети.

Посебниот дел  за звучниците се поврзува со дел од телевизорот преку кабел (долг до 81 инчи). На задната страна се сместени HDMI и други влезови, во кои се приклучува дополнителна опрема.

Наташа Костовска