Женска кошарка во Македонија –  Лежерна прошетка или маратон ?

Кога некој ќе каже женска кошарка… Македонија? Ве асоцира на нешто?  Добро освен на женска кошарка,но во мала земја како што е Македонија, мала е заинтересираноста или сосема малку се промовира во јавноста. Не е дека нема квалитет,за тоа пример се голем број на кошаркарки со огромни таленти. Па ајде да направиме една ретроспектива,да започнеме од Стојна Вангеловска.

Љубителите на женската кошарка сигурно се запознаени со Стојна Вангеловска –  “Спортистка на векот “,која остави огромен придонес и белег  за македонската кошарка. Секако и за оние љубопитните кои не се запознаени, таа преставува симбол за женската кошарка во Македонија. По завршувањето на средно образование таа станува членка на КК Студент,екипа која се натпреварувала во Првата југословенска лига. Потоа во Партизан, Јежица (Словенски клуб) – каде настапувала пет години и освоила титула, куп, како и можности да игра на европска сцена. Во 1983 година е прогласена за најдобар плејмејкер на Европското првенство во Финска,потоа е поканета да игра за сениорската репрезентација на Југославија. Таа е единствената македонка носител на Олимписки медал (Соул, сребрен медал) , 1988 год.Покрај сите овие достигнувања , нејзината кариера не запира тука. Таа продолжува да го прави она што најдобро го умее и започнува кариера како тренер. За тоа говорат двете титули на клубот Единство, потоа шампион на Црна Гора и победник на купот…. Покрај овие достигнувања, Вангеловска беше шампион на Македонија со Кимико од Струга, потоа и шампион на Бугарија со ЦСК од Софија.Вангеловска ја има честа да го одведе националниот тим на женската македонска кошарка кон престојниот предизвик на Европското првенство 2019 год.

(Фотографија – Стојна Вангеловска)

Што се однесува на помладите кошаркарки значајно е да се спомнат Едина Муса, Јелена Антиќ, Ана Тантуровскаи многу други.Едина Мусадел од својата кариера го помина во САД на универзитетот Линколн.Играч за Вардар ,кој беше формиран само пред неколку месеци ,за време на македонскиот куп го одземаа трофејот на Баделки.Токму на овој куп Муса е прогласена за МВП (најкорисен ирач).

(Фотографија – Едина Муса)

Кошаркарската кариера за ЈеленаАнтиќзапочнува уште од 12 годишна возраст како дел од КК Студент,а потоа и Младинец. Со здобивање на стипендија таа се школува во САД и поминува две сезони како дел од тимот на универзитетот Либерти. По 5 години Антиќ се враќа во Европа и станува дел од Партизан,каде што имаше сезона без пораз и три трофеи.Потоа шампион со тимот на Лулеа,Шведска.

(Фотографија – Јелена Антиќ)

(Фотографија – Ана Тантуровска)

 

Ана Тантуровска со 78 тројки постигнати во една сезона постави рекорд во дресот на Олимпијакос од Волос со просек од четири тројки по натпревар. Тимот од Волос благодарение на Тантуровска и нејзината тројка во последната секунда обезбеди место во Првата лига, а сезоната ја заврши со 18 победи и еден пораз.Дополнително заедно со Јелена Антиќ ќе ги следиме и на Европското првенство 2019.

Што говорат овие успеси на македонските репрезентативки? Дека имаме квалитетни играчи, но малку се ценети? Дека заинтересираноста е свртена повејќе кон машкиот спорт? Профитот е помал и тешко е да се најдат спонзори? Или сепак се работи за неумешност на менаџерите да ги промовираат спортските клубови?

За сите проблеми има соодветни решенија. Како на пример организирање на пријателски натпревари, формирање на кампови, организирање натпревари во основни и средни училишта за наоѓање на потенцијални таленти.Камповите би преставувале можност да се елиминираат недостатоците и да се надоградат играчите, како и да се споделуваат искуства.Потоа запознавање на клубови со јавноста како што се Бадел, Вардар, Лотос…

Промоција, публика , сали за тренинг и натпревари… Финансиска подршка? Како држава која го сака спортот , време е да се подигне свеста на повисоко ниво. Огромент талент, но мала мотивација и на крајот разочарување. Ронка надеж е репрезентацијата која ќе се бори да остави белег на квалификациите на Европското првенство 2019 год. Потребно е создавање на многу прилики за афирмирање не само на женската кошарка, туку и на останатите женски спортови во државата.

Автор : Наташа Костовска

Напишете коментар