Работнички млако – Шкендија јако

 

Работнички имаше надеж за поволен резултат против белорускиот преставник, а како адут на своја страна ги имаше тропските временски услови, но на комплексот ,,Петар Милошевски во Скопје им се удри како бумеранг, па иако Мински Брест не навикнат на топло време, сепак уште на стартот ја презеде иницијативата и во првите 15 минути имаше две идеални шанси за гол. Белорусите и до крајот на првото полувреме имаше иницијатива и контрола врз играта, а единствено за домаѓините се закани Суад Сахити со крајно безопасен удар.

Второто полувреме беше налик на првото со притисок на гостите, а таквата игра вроди со гол во 53 минута на асистенција на Лукиќ, а реализатор беше нивниот напаѓач Квачински. Динамо Минск на идеален начин си ја распореди силата на топлото време па се до крајот не дозволуваше да им се закани домаќинот кон нивниот гол. Во 83 минута Емир Сахити иако го имаше поседот на топката на 40 метри од Динамо тој неспретно ја изгуби топката и со непромислен потег остро реагираше, па освен фаул судијата веднаш се реши да санкционира со директен црвен картон. Се одеше кон пораз, но во судиското продолжение односно во 91 минута беше досуден пенал за Работнички, а сигурен реализатор со силен удар во десниот агол шутираше Бојан Најденов. По седум дена во Минск Работнички ќе има тешка задача, но сепак надежите постојат  шансите постојат и треба да вложат максимални напори за влез во наредна фаза во Лигата на Европа.

Вториот наш преставник во квалификациите во Лига на Европа тетовска Шкендија нималку не беа фини кон преставникот од Финска во името на Хелсинки. Шкендија имаше лошо отварање на стадионот ,,Младоство Струмица со примен гол од корнер, каде по центаршутот на Принен во петерецот Бејтулаи место да исфрли тој неумешно топката ја сврти кон својот гол удри во пречката и од гол линијата Јало постигна гол за водство. Нашиот преставник имаше среќа што беше досуден пенал во самиот финиш на полувремето каде што сигурен реализатор беше Бесарт Ибраими за враќање на самодовербата и атакување кон поцртаната цел.

Вториот дел Шкендија сериозно ја сфати ситуацијата и дека противникот нималку не е наивен ги притисна на нивната половина, а таквата игра резултираше со погодок во 59 минута на Бесарт Ибраими на асистенција на капитенот Ферхан Хасани. Нашиот репрезентативен напаѓач во 63 минута не пропушти можност да постигне хет-трик и повторно од пенал, а штетата поголема за Хелсинки е што во тие моменти директен црвен картон доби дефанзивецот Патронен па до крајот тетовчани рутински го приведоа натпреварот при крај и во Финска патуваат со предност која не би требало да ја прокоцкаат за влез во трето коло во квалификациите на Лига Европа.

Напишете коментар