Освежувачка и вкусна торта за летните денови.
Потребни состојки:
400 гр пишкоти
500 мл шлаг во кесичка
100 гр шеќер во прав
500 мл ладна вода од фрижидер
4 чаши кисела павлака
600 гр малини
300 мл сок од портокал
За декорација:
200 мл шлаг
200 мл кисела вода
Подготовка:
Во сад го ставаме шлагот со шеќерот во прав и ладната вода и матиме со миксер. Кога ќе го изматиме шлагот ја додаваме киселата павлака и мешаме со лажица.
Во правоаголен сад за торта ставаме еден ред пишкоти претходно потопени во сокот од портокал. Потоа премачкуваме со подготвениот шлаг. Над шлагот ставаме малини. Потоа повторно ставаме натопени пишкоти еден ред. Премачкуваме со шлаг и ставаме повторно малини. Одозгора повторно мачкаме со шлагот. Ако сакате може да ја премачкате тортата со шлагот изматен со кисела вода и да декорирате со некоја малина. Се става во фрижидер да отстои некое време и потоа може да ја пробате.
Оваа торта може место со малини да се направи и со некое друго овошје по желба.
Добар апетит!!!