Евробаскет У-20 : Пораз во мечот против Грузија

По синоќешната победа против Албанија ,кошаркарите до 20 годинини изгубија на натпреварот против Грузија со краен резултат од 78:48,додека по четвртини беше (Грузија-Македонија) 22:14, 15:10 ,17:17, 24:7 . За избраниците на Мирко Петрески следат уште два значајни натпревари против Романија на 18 јули ,додека наредниот ден е мечот со Малта.

Најефикасен на натпреварот беше Андреј Маслинко со 15 поени, потоа Дамјан Робев со 6 скокови и 14 поени, Михајло Митев со 3 поени, 4 асистенции и 3 украдени топки и Оливер Двојаковски со 2 поени и 1 блок.

Напишете коментар