Јуначко победничко срце на терен

Во 1/8 финалниот натпревар против домаќинот Алжир се уверивме дека во секој дел од светот се игра квалитетен ракомет и секој може секого да го победи. Нашите момчиња добро го започнаа натпреварот со почетно водство и постојано бевме во предност во однос на домашната селекција. Иако се играше гол за гол се чинеше дека држиме се под контрола, но едно невнимание во одбраната, декоцентрација во играта и последните 10 минути алжирците го презедоа водството за крај на првото полувреме 11:10 во нивна корист.

Вториот дел беше налик на првото полувреме во егал игра и цврсти одбрани на двете страни што и малиот фонд на постигнати голови ја доловува атмосферата долу на теренот. Нашиот напад се темелеше на индивидуалноста на бековската тројка Талески-Кузмановски-Велковски, а сегмент кој не ни одеше во прилог беше промашените седмерци. Кон средината на полувремето Македонија заигра уште поцврста одбрана, на местото на Даниловски влезе во игра Томовски и тука некаде беше клучот за стабилноста во играта и неможноста противникот да ја затресе нашата мрежа. Исто така момент за одбележување е замената на пикерите кога на местото на Арсеновски влезе Лазаревски кој беше поагилен , повеќе отвараше простор а се избори неколку пати и за изнудување на седмерец  каде што по промашувањата на Талески и Крстевски се чини имавме трета среќа и конечно Палевски беше тој кој беспрекорно ги изведуваше до самиот крај  седмерците со 100 % учинок.

Последните 15 минути ги одигравме перфектно почнувајќи на голот на Томовски кој имаше неколку фатени зицери, па преку крилата Палевски и Шилегов, пикерот Лазаревски и тројката бекови на чело со капитенот Филип Талески кој ја презеде одговорноста во клучните моменти и ја водеше нашата репрезентација кон победа и пласман во 1/4 финалето и дуел со ,,Триколорите”. Крајниот исход на семафорот беше 24:20 во наша корист и блик на радост како од ракометарите така и на целокупниот стручен штаб.

Браво момци – секоја чест !!!

Предраг Јанчески

Напишете коментар