Р.И.П. Македонска кошарка

Македонската кошарка години наназад е во ,,Слободен пад да бидам попрецизен оваа ситуација е за време на ПЕТАР НАУМОСКИ. Човекот се што се обиде да направи едноставно го направи погрешно за да пати цела македонска кошарка, да бледнее, да тоне се подлабоко и на крај шлагот на неговата работа е што Македонија место на големи натпреварувања ќе ја гледаме во Б-дивизија со еден куп залутани репрезентции исто како и нас.

Неговите претходници макотрпно ја градеја федерацијата и репрезентацијата секој во своите можности и знаења за да во нашето блиско минато имавме резултати за почит и респект. Имавме континуиран настап на големи натпреварувања, а најголемиот успех е   4-тото место на ЕП во Литванија каде за малку ни избегаа медалите. Проблеми сме имале и во минатото, но биле во краток рок или сме изнаоѓале некакви решенија. Домашното првенство ни било слаба страна но сме имале барем неизвесна завршница и македонски кошаркати кои биле водечки во тие наши тимови. Младите категории биле запоставени или маргинализирани но нашите таленти се презентирале успешно и достојно на меѓународна сцена. Кошаркарите биле ценети и надвор од нашите граници, а за државниот дрес се бореле и жртвувале секогаш кога било потребно за тоа.

Од денешен аспект зарем може нешто да се издвои како позитивен пример ? НЕ. Има само очај,беда, хаос, самоволие, лични интереси, профитерство на мала група на луѓе, уништување до пепел се што ја претставува кошарката како спорт. Ако се направи мала ретроспектива што се се случуваше во овој период ќе забележиме голем број на смени и бркање на сите инволвирани од предходното раководство, на нивно место дојдоа нови дел и познати како Дејан и Заре, но веднаш тие намирисаа дека нешто не чини и не штима па веднаш го напуштија бродот кој беше на тенок лед мраз и се очекуваше да тоне. Потоа на ред дојде смената на Џикиќ кој со подмладена селекција направи за краток рок успех, ама од неразбирливи причини веднаш беше сменет и на негово место поставен лилипутанец кој се смета и беше сметан за стручен, а името не му е вредно да му се спомне (РАЦА за оние кои го заборавија) и за краток период направи вистински НЕУСПЕХ по што без поздрав си замина од Македонија. Младите репрезентативни селекции имаа настап во сите возрасни категории, но тие се натпреваруваа само да си докажат меѓу-генерациски која генерација е послаба од другата наша генерација и која колку може со поголема разлика да изгуби, патем редовни пациенти им станавме на репрезентации од типот на: Косово,Албанија, Швајцарија, Естонија, Малта, Ирска, Австрија, Португалија и сл. Голем број на кошаркари изјавија дека во репрезентацијата веќе нема квалитет, нема атмосвера и самодовербата била на најниско ниво. Има плејада на кошаркари кои одбиваат повик само поради челникот на федерацијата како што се: Перо Антиќ, Предраг Самарџински, Бојан Трајковски, Ненад Димитриевиќ, Дарко Соколов и др.

Години, години наназад запрен е процесот на создавање на нови млади кошаркарски сили кои ќе ги заменат овие сега што настапуваат, за жал списокот е скоро ист сиве овие години без некое ново перспективно ново име. Дозволено е да се изгубат голем број на генерации и да бидат поставени на маргините.

Само како показател еве перспективни но веќе изгубени таленти: Младеновски, Маслинко, Бакоч, Магдевски, Николов, Мекиќ, Стајиќ, Пајиќ, Милков, Ефремовски ова е еден цел репрезентативен состав кој требаше и мораше да се искористи нивниот потенцијал и талент, но како и многу други пред нив но и сегашни млади кошаркари добиваат само епизодна улога во своите тимови.

Македонските клубови се претворени во легија на странци, каде секој тим има по 5 странции  повеќето со сомнителен квалитет, а остатокот од тимот пополнување на ростерот со наши искусни кошаркари кои што се пред пензија како што се: Ѓорѓи Чековски, Владо Илиевски, Димитар Мираковски, Диме Тасовски…………………….

Овој безобразлук мора веќе еднаш да престане, а за да се случи тоа мора Наумоски да си поднесе НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА на функцијата претседател на КФМ.

Предраг Јанчески

Напишете коментар