План за бегство

СПОРТСКИ КОЛУМНИ

Македонскиот спорт стара болка му е немањето на финансии за развој и подршка на целокупниот спорт. Пред неколку години на скопскиот аеродром слета руски олигарх кој своите милиони реши да ги ,,Троши во Македонија, а тој се вика Сергеј Самсоненко. Ретко кој и да слушнал и да знаеше претходно за овој човек и зошто токму Македонија е неговата ,,Станица. Има многу бизнисмени, богаташи и милионери во Русија кои што имаат проблеми со законот па своите пари решаваат да ги трошат во други држави на разно разни проекти најчесто во спортски клубови.

Ниту пак самите тие не ни знаат основни податоци за државата во која што треба да вложуваат (таков е и случајот со Самсоненко) но најбитно за нив е да се чуствуваат конфорно со своите пари. Пред 15 години во женски ракомет имавме европски и светски шампион во името на Кометал Ѓорче Петров па таа е појдовната точка и мотивација што првиот проект на Самсоненко беше да се вложат пари во женскиот ракомет и тимот на ЖРК Вардар. Кратко потоа и машкиот тим на Вардар стана дел од проектот за потоа по иницијатва на навивачите и медиумите под свое Самсоненко го зеде и фудбалскиот тим на Вардар.

Основата се финансиите и инфраструктурата, за потоа да следи човечките ресурси односно менаџментот и на крај стручен кадар со квалитетни засилувања. Кога веќе се имаше обезбедено од финансиски аспект веднаш погледите се насочија кон инфраструктурата која беше под секој минимум и основни стандарди. СРЦ Кале беше тврдина и упориште неосвоиво за многу гиганти во ракометот, но претесно за зголемените апетити и амбиции за новото раководство. Од таа причина во општина Аеродром никна нова современа со светски стандарди модерна сала. Вториот чекор беше екипирањето на менаџментот и како последна фаза стручниот штаб и ракометарите/ракометарките. Засилувањата се носеа сите од редот на поквалитетните и реномираните на ракометната сцена. Вардар за кратко време се  позиционираше како дестинација во која што успехот е на повидок.

Во склоп на салата ,,Јане Сандански се изгради и хотел ,,Русија и руска црква. Додека фудбалскиот тим се проектираше за во рок од 4 години да влезе во групите од Лига на Шампиони. Исто така Самсоненко изгради фудбалски камп за кој сите балкански гиганти му завидуваат. По неколкугодишно вложување дојде време да се жнее со успеси, започнувајќи првин на домашна сцена за потоа да дојде време РК Вардар да дојде до европска титула, ЖРК Вардар да игра постојано на фајнал фор во Лига на шампиони, а Фк Вардар да елиминира реноимирани евро-противници со што е на праг да дојде до групите во Лигата на Европа. За многумина неочекуван потег после толку вложувања и инвестиции Сергеј Самсоненко излезе на прес конференција во која кажа дека само уште оваа сезона ќе инвестира во семејството Вардар и ќе се повлече од Македонија и нашиот целокупен спорт. Причина зошто се повлекувал била жестоката реакција на навивачите за прескапите билети и отстапувањето на култната јужна трибина на турските навивачи против тимот на Фенербахче.

Зарем со вакви ,,Детски досетки и прикаски сака пред македонската јавност да се оправда за неговото повлекување. Иста така пред неколку месеци пред 1/4 финалниот дуел против Флензбург излезе на прес конференција со намера ако имало неспортско судење дека имал намера да се повлече од спортот. Тогаш беше најавата за ова сега што се случува и вчудоневиденоста на навивачите и блиските членови од Вардар.

Македонската јавност ,,Шепоти, додека медиумите на балканот јавно зборуваат дека вистинските причини не се тие туку дека се работи за нешто поголемо во позадина, односно дека има финансиски малверзации и други постапки кои што се водат или во иднина ќе се водат како во Русија така и во нашата земја. Периодот на успеси, долгогодишните вложувања, европските успеси проследени со финансиски бенефит тешко е за верување заедно со изградените објекти и инфраструктура да се остават туку така, ако не постои соодветна причина за тоа.

Вардар е во неизвесност, навивачите се во паника, медиумите се збунети сите бараат одговори но има и многумина што пуштаат молби за негово одповикување на неговата одлука, добро да размисли и на крај да одлучи повторно да се врати во семејството Вардар и втората татковина Македонија. Очекувањата се едно , а реалната состојба е сосема поинаква па во наредниот период ќе гледаме и слушаме вистинска ,,Шпанска сапуница околу причините и убедувањата да рускиот тајкун ги продолжи инвестирањата во спортот.

Предраг Јанчески