Недоволно реми

СПОРТ

Македонија зема залет имавме амбиции и желби да ја продолжиме серијата на две победи по ред, но застанавме на соседната пречка за која мислевме дека ни се сигурни бодовите. Фудбалот не се игра со вжештени глави и безглаво јуришање кон голот , туку со добро тактичка поставеност и интелектуални и креативни фудбалери.

Првото полувреме помина во целосна контрола на нашите фудбалери но со само спорадични напади кон противничкиот гол заканувајќи се само Горан Пандев и Енис Барди од слободен удар. Вториот дел значеше и нови напади, но место гол од наша страна стигна ладен туш со гол на противникот преку акцијата помеѓу Садику кој убаво се ослободи по левата страна, а потоа нафрли на втората статива каде на вистинско место се најде напаѓачот Роши кој со глава биеше во подалечната страна за водство од 1:0.

По петминутна игра следеше нова шанса за гол овој пат Садику осамен во петерецот но за наша среќа и шутираше непрецизно покрај стативата на Димитриевски. Последните 15 минути влеговме во нова офанзива каде во шеснаесетникот Кире Ристевски со глва ја враќаше топката кон петерецот но со рака ја попречи стрелецот на голот Роши за пенал за нашата селекција.

Пеналот го изведе нововлезениот напаѓач на Палермо Александар Трајковски кој воедно го славеше својот 25-ти роденден па во таа 78 минута донесе израмнување на резултатот.

Последните 10 минути донесоа канонада кон голманот Бериша и вистинско е чудо како се избори со сите тие удари кон неговиот гол, а од спротивната страна зачудувачки се што успеа напаѓачот на Палермо Илија Нестороски да нереализира вечерва. Освен Несторовски свои шанси имаа Горан Пандев, Енис Барди и Езџјан Алиоски но сите беа безуспешни за се чини недоволно реми и незадоволство од оствареното. Нас ни преостануваат уште натпреварите против Лихтештајн дома и гостување против Италија во надеж барем да го освоиме тоа четврто место во групата.

Предраг  Јанчески