Немања Обрадовиќ : Според мислењето на сите правници ова беше чист случај

СПОРТ

Денес македонските портали се преплавени со случајот Немања Обрадовиќ кој ЕХФ го реши во корист на српскиот играч кој како слободен играч може слободно да настапува за Висла Плок без обештетување.

РК Mеталург реагираше на оваа одлука и на нивниот сајт изјавија:

“Ова е скандал, чист скандал.

Сакам да ве известам дека на нашето разочарување му нема крај. Тоа е големо и болно, бидејќи сите знаеме дека сме апсолутно во право во случајот со Обрадовиќ. Дури и оние што ја донесоа оваа скандалозна одлука знаат дека е така….”

Екипата на порталот javisejuzna.mk како сериозен портал побара мислење и од српскиот ракометар Немања Обрадовиќ кој го кажа следното:

“Па нема што премногу да се каже. Спрема договорот јас немам договор со Металург за следната година што ме прави слободен играч….според мислењето на сите можни правници од Македонија,Србија и останатите земји ова беше чист случај.”

Ние како портал им посакуваме среќа и на Немања Обрадовиќ во понатамошната негова кариера и на РК Металург во настапите во Лигата на шампионите и Сеха лигата.