РК Струга победнички во Ресен

Во пријателски меч кој вечерва се одигра во Ресен екипата на РК Преспа загуби од РК Струга со 27 : 33.

Предводници на стружани  беа повратникот Белевски со 10 погодоци и Кузманоски со 9, додека голманот Mечкароски имаше 15 одбрани. Одлична игра прикажаа и младите ракометари на РК Струга, па може да се каже дека стружани засилени и организациски откако клубот го превзема  легендата на македонскиот и струшкиот ракомет Наумче Мојсоски ќе бидат сериозен конкурент за највисок пласман.

Првата ракометна лига каде стружани ќе се борат за пласман во Супер лигата започнува викендот на 23/24 септември, а екипата на РК Струга во првото коло игра против скопската екипа Ринија.

Напишете коментар