Залутани во фудбалска Европа

Вечерва беше првото коло од Лигата на Европа каде што нашиот шампион Вардар дебитираше во групна фаза во било кое натпреварување (воопшто деби на клубско ниво во македонската историја), но место празник на фудбалот и огромна подршка од трибините, видовме полупразен стадион, а долу на теренот иако однапред се знаеше кој е фаворитот и какви се силите на двете екипи, но ни во најлошите и најпесимистичките прогнози никој не можеше да предвиди ова вечерва што се случи.

Вардар преимпресиониран, изгубен, дезориентиран, очаен и високиот пораз е сосема очекуван епилог. Се се почна со корнерот за Зенит во 4-та минута каде го изведе Нобоа а во петерецот од никого небранет Кокорин само се поклони за лесно отварање на водството. По само 20 минута на игра по левата страна Полоз новото засилување убаво проби и нафрли во шеснаесетникот на втората статива каде повторно од никого небранет Кокорин повторно со глава лесно ја затресе мрежата на Гачевски. При крајот на полувремето во 39-та минута рускиот тим го понижи тимот на Вардар, односно на прва ги одиграа додавањата лесно се пробија во шеснаесетникот и Кокорин се најде очи во очи со Гачевски и место шут и гол за хет-трик  тој се реши да го понижи колективот на Вардар одигрувајќи со пета кон својот соиграч Џуба кој не му беше тешко да ја погоди празната мрежа.

Како за илустрација Зенит во првото полувреме имаше играчка доминација, Вардар беше анемичен со само еден направен фаул, без корнер и без директен удар кон голот на Лунев. Во вториот дел само што помисливме дека Зенит Санкт Петерзбург ќе го намали темпото на игра, а вардарци ќе одиграат барем за честа, но по првите закани на Бобан Николов и Тигран Барсегјан се потоа се отиде во нова иницијатива од страна на гостинот каде што во 66 минута по одбиената топка на голманот Гачевски, дефанзивецот Бане Ивановиќ лесно ја смести во голот. Во судиското надополнување нововлезениот Ругани кој е новото воедно засилување од Аргентиза за Зенит го постигна дебитанскиот свој гол и стави точка на оваа средба. Инаку голот исто така беше дело на акција каде Нобоа атрактивно со пета го ископира потегот од првото полувреме на Кокорин и реализација без никаков проблем.

Предраг Јанчески

Напишете коментар