Селка на Костески и Гигов започна со победа

СПОРТ

Селка Ескишехир тимот каде играат македонските интернационалци Никола Костески и Виктор Гигов со победа ја започна сезоната во Турската ракометна супер лига.

Селка вечерва го совлада тимот на Мерзифон со 29:25. Костески во својот прв меч во турското првенство постигна 7 голови, имаше неколку пресечени топки, а врз него беа направени и 3 пенали. Искусниот наш голман Виктор Гигов еден од милениците  на публиката во Ескишехир одбрани неколку клучни топки со кои придонесе во победата на неговиот тим. Натпреварот беше пренесуван на турската телевизија Turkcell TV+.

Фото извор: hentboll haber, tarik girdin