Богдан Богдановиќ ја одведе Србија во финалето!

СПОРТ
СРБИЈА – РУСИЈА: (87:79)
Србија се приклучи на Словенија во финалето на Евробаскетот, по победата над Русија 87-79 во вториот полуфинален натпревар во Истанбул. Богдан Богдановиќ беше неверојатен, постигнувајќи 24 поени, вклучувајќи ги петте по ред, кога тоа беше најпотребно.Бобан Марјановиќ имаше 18, додека Владимир Лучиќ имаше 13 поени. Без оглед што ќе се случи во недела, Србија ќе го добие својот прв медал во период за 8 години.Алексеј Швед заврши со 33 погодоци, а Русија ќе игра со Шпанија во мечот за бронзениот медал.
Не само што Богдан Богдановиќ го мачеше Кулагин на офанзивниот крај со 7 поени досега, исто така ја украде топката од него и попречи додавање за Русија. Добри вести за Русија, Богдановиќ седнува на клупа со 3:00 за крај на првиот период. Прв напад за Русија без него на теренот, Швед постигнува тројка. Крај на првиот период, Србија запиша 8 стрелци,а Богдановиќ ги водеше со 7. Србија имаше 32-26.Богдановиќ постигнуваше кош по кош, а толпата извикуваше “Србија, Србија!” станувајќи сè погласна и погласна, додека водството стануваше поголемо 40-26, да Русија дозволи 40 поени за 15 минути. Во меѓувреме, Бобан Марјановиќ блокираше ,постигнуваше поени и Србија го заврши полувремето водејќи 48-34. Богдан Богдановиќ и Бобан Марјановиќ комбинираа 26 поени, повеќе од половина од нивниот тим. Владимир Лучиќ одигра добри минути, доби 7 поени, Швед водеше со 14.Русија имаше 11-0 постигнати погодоци по ред со цел да го намали јазот на 57-52, но немаше шанси Србија да дозволи Русија да се врати назад! Милосављевиќ постигна тројка од аголот, Марјановиќ го затресе кошот со забивање, за да се зголеми разликата на 64-52.Крај на третиот период, Богдановиќ е до 17 поени, еден над Марјановиќ, но Русија го има водечкиот стрелец на играта, Алексеј Швед. Србија со водство од 66-57.Русија не беше срамежлива да постигне поени, но Србија им дозволуваше да постигнуваат тројки., и го намалија јазот на 75-73 со 3:59 до крајот.Повторно Богдановиќ за најдобар играч на натпреварот и Србија водеше 81-74 на само 1:29 до крајот.
На вчерашната пресконференција на капитенот на Словенија , Драгиќ му беше поставено прашањето против кого преферира да игра во финалето? Неговиот одговор гласеше против Србија.Очигледно желбата му се исполни,а и тренерот Кокошков го делеше истото мислење, но додаде самоуверено дека кога би играле против Србија би ја победиле. Дали оваа изјава ќе држи вода дознаваме во финалето во недела од 20:30
Автор: Наташа Костовска