ВИП Суперлига мажи (резултати и стрелци)

ОХРИД 2013 – ВАРДАР ЈУНИОР 30 – 22
РАДОВИШ – ПЕЛИСТЕР 25 – 24
ПРОЛЕТ 62 – ГРК БОРЕЦ 28 – 28
МЕТАЛУРГ 2 – ПРИЛЕП 2010 31 – 28
ЕУРОФАРМ РАБОТНИК – МЛАДОСТ 09  Откажан

Гладијаторите во Охрид го совладаа лесно Вардар Јуниор со 30:22. Блажевски даде фантастични 12 голови за Охрид, додека на голот одличен беше Благојче Трајкоски со 10 одбрани и 1 постигнат гол. Кај гостите неколкумина играчи дадоа по 4 голови.

Во натпреварот одигран во Радовиш домаќинот го совлада Пелистер со 25:24 и го направи најголемото изненадување. Домашното лево крило Мирко Мајиќ беше играч на натпреварот со 11 голови. Кај гостите се истакна Михајло Митиќ со 6 голови.

Во натпреварот помеѓу Пролет и Борец кој заврши нерешено 28:28, најдобри поединци беа средните бекови на двата тима Ласко Андоновски со 6 погодоци за тимот на Пролет и Ивица Илиев за Борец кој даде 9 погодоци.

Металург 2 во Автокоманда забележа победа против Прилеп со 31:28. Шилегов со 10 и Серафимов со 9 беа најпрецизни кај домаќините а на голот го имаа фантастичниот Даниловски, додека кај гостите најрасположен за игра беше Менде Петкоски со 9 гола.

Во Битола натпреварот Еурофарм- Младост не се одигра. Младост веројатно се повлекува од лигата.

Напишете коментар