,,Давеникот”  со победа над Металург

Ракометниот тим на Војводина кој се повратници во Сеха лигата после четири одиграни кола стигна до првата победа. Пред натпреварот со Металург го сменија нивниот прв тренер заменувајќи го со првиот негов поможник Кукиќ па овој нивен потек беше позитивна шок терапија за тимот. Најдобри поединци кај домаќините беа голманот Перовиќ со 8 одбрани, потоа искусното крило Стојановиќ со 6 гола и Трифковиќ со 4 постигнати гола. Додека кај нашиот преставник Арсиќ имаше 11 интервенции, а Кузмановски со 5 постигнати гола беше најдобар поединец.

Кај Металург никако не профункционира шутот од седум метри каде имаа очајна реализација од 2/6 а исто така нападот немаше решенија за цврстата дефанзива на противникот. Крајниот резултат Војводина 21 : 19 Металург е сосема заслужена победа на домаќините но сепак на крај ракометарите немаа со кого да ја прослават победата, од причина што во салата имаше неколку десетици луѓе кои го проследија натпреварот. Металург имаше шаренолик состав за да ги зачуваат силите и вниманието кон престојниот дуел од Лига на Шампиони против Бешикташ во Борис Трајковски, но сепак со директните конкуренти за висок пласман ќе треба да се освојуваат подови, бидејќи сега се на половичен успех од две победи и два порази.  

Комплетна СТАТИСТИКА

Извор: seha-liga.com

Напишете коментар