Мартина Мироска – ,,Летечката дама” во потрага по нови спортски успеси

Кој е ,,Виновникот” Мартина да се занимава со атлетика, колку време трае таа љубов ?

Лично моја беше желбата да почнам да се занимавам со овој благороден спорт и сум среќна со таа одлука, инаку мои најголеми подржувачи се наставниците и професорите од основно и средно образование, односно мојот покоен професор воедно и личен тренер што за жал веќе не е со нас професорот Влатко Димитров.

Во кој клуб настапуваш и која е твоја омилена дисциплина ?

Настапувам во атлетскиот клуб ,,Охрид” од Охрид и моја дисциплина е скок во далечина која е техничка дисциплина.

Како еден атлетичар се одлучува што е најпогодно за него кога е на почетокот на својата кариера која да биде неговата дисциплина?

Секој млад атлетичар што е на самиот почеток се испробува во сите атлетски дисциплини, па со консултации и помош на тренерот каде се проверуваат сите остварени резултати се одбира и дисциплината. Се разбира дека еден атлетичар може да учествува во повеќе дисциплини, ама секогаш само во една дисциплина е најдобар.

На кое ниво е атлетиката во Македонија и дали има заинтересирани млади луѓе што се занимаваат со овој спорт ?

За жал атлетиката во нашата земја е на ниско ниво. Секако дека има млади што се заинтересирани за атлетика, ама за жал државата не посветува доволно внимание на тие деца и на овој спорт, каде што атлетиката се смета за кралица на сите спортови.

Што треба да поседува еден атлетичар/ка ?

Секој атлетичар треба да поседува вроден талент, да има голема желба, упорност, волја за успех и да вложи голем труд и напорни тренинзи.

Зошто Дијамантската Лига е недоспапна за наши преставници ?

Таа и секоја друга лига е достапна, само треба да се вложи многу повеќе во атлетиката, да се подобрат условите, инфраструктурата, да се вложи во стручни кадри и условите да бидат подеднакво добри како во летниот така и во зимскиот период, а се потоа резултатите сами по себе ќе си дојдат.

На кои големи натпреварувања имаш настапувано и кои ти се твоите најдобри резултати?

Да имам учествувано на бројни домашни и меѓународни збиднувања со солидни и коректни резултати, а пред се би ги издвоила: Олимпијадата во Холандија, светско првенство во Колумбија, европско првенство во Италија и многу други како на домашен така и на меѓународен план.

Имаш ли конкуренција во Македонија и колку одликувања имаш до сега ?

Да имам конкиренција, но јас секогаш го давам својот максимум да бидам најдобра, а исто така мојот труд е награден од бројни одликувања од типот на: ,,Спортист на град Охрид”, потоа сум прогласена за најуспешна спортистка на Република Македонија во пионерска и младинска конкуренција и сум најуспешна во дисциплината скок во далечина во нашата земја.

На дофат ли е учество на едни Олимписки Игри ?

Се разбира дека е на дофат и затоа напорно тренирам и се надевам дека тој голем сон еден ден дека ќе се оствари за да учествувам на едно такво големо натпреварување, за кое сметам дека е врв на една спортска кариера.

Кои се твои идни планови и каква порака ќе им испратиш на нашите верни читатели на javisejuzna.mk ?

Моите планови се да продолжам со нови успеси и да достигнам големи спортски резултати, да учествувам на Олимпијадата во Токио, а сето надополнето со напорна работа и квалитетни тренинзи. На најмладите им препорачувам дасе занимаваат со спорт, затоа што ,,Во здраво тело има и здрав дух”.

Предра Јанчески

 

Напишете коментар