Прв настап за Работнички на Еврокупот

СПОРТ
Парма го направи своето меѓународно деби денеска и беше домаќин на Работнички во Перм. Работнички мора многу да надоместат во вториот натпревар против Парма во Скопје, губејќи го првиот натпревар во Русија со разлика од 25 поени – (8-63). Френк Геинс беше главниот виновник, постигнувајќи 23 поени за тимот на Перм, со Коди Милер кој постигна 16 поени, од Работнички најефикасен беше Костов со 22 поени.

 На половина од првиот период, домаќините имаа водство од 11-10 над Работнички со речиси никакви празни места да се видат на трибините.Иван Ухов и Коди Милер го завршија првиот период со придонес за водството на Парма на 24-17.

Силниот старт на третиот период за Парма резултираше со зголемување на водството на 50-36. Играта почнуваше да излегува од рацете на Работнички, кој се бореше,но сепак победата заврши во рацете на Русите.

 

Наредниот натпревар е во Скопје на 27 септември од 19:30
 
Автор: Наташа Костовска