Македонката Александра Симева победник на ,,Дуд Бол Дубровник”  

Во Дубровник се одржа кампот на Горан Иванишевиќ победникот на Вимблдон од 2001 година за деца до 13 годишна возраст, каде Македонија имаше свој преставник во Александра Симева kоја се прикажа во одлично светло и беше победник во женска конкуренција, а победник во машка конкуренција беше швеѓанецот Тобијас Валин.

На овој турнир учествуваа преставници од 48 земји и станува камп кој го посетуваат голем број на таленти од цела Европа. За победниците освен предвидените одличја ќе има ваучер за тренинг центарот на Горан Иванишевиќ.

ВИДЕО од примањето на наградите.

Напишете коментар