Дерби триумфи за Селтик, Атлетико и Тотенхем

СПОРТ

,,Олд фирм дербито на ,,Иброкс има голема традиција и ривалитет помеѓу двете екипи, па гостинот на оваа средба со рутински 2 : 0 стигнаа до трите бода со головите на Австралиецот Томас Рогиќ во 50 минута каде се најде на вистинско место и шутираше неодбранливо под пречката за водсво од 1:0. Домашниот состав фрли на една карта и во вториот дел во нападот заигра ветеранот Кени Милер, но и тој потег беше залуден, бидејќи Грифиц на 10 минути до крајот ги постави конечните 2:0 и продолжува серијата на непобедливост, а и уште од сега титулата е на праг за зелено-белиот тим од Глазгов.

Шпанското дерби на ,,Ванда Наполитано новиот стадион на Атлетико Мадрид уште на самиот старт се покажува како таличен, па средбата против Севилја беше само продолжување на серијата на победи на овој стадион. По првото бледо полувреме, вториот дел започна фуриозно и со гол за домаќините уште во првата минута, по грешката на Нзонзи, Јаник Караско умешно му ја украде топката тргна гон противничкиот гол,го заобиколи голманот Рико и шутираше во празната мрежа за откривање на резултатот. На 20 минути до крајот до тогаш незабележливиот на терен Антоан Гризман ја затресе противничката мрежа за ставање на печат на овааа средба и нова победа за Атлетико.

Лондонското дерби Вест Хем 2 : 3 Тотенхем мина во драматичени супер интересен финиш, бидејќи по лесното водство на гостите од ,Вајт Харт Лејн со головите на Хари Кејн во 34 и со нов гол во 38 минута, а потоа и со нов гол во второто полувреме во 60 минута преку Ериксен, се чинеше дека тука е некаде крајот на надежите за домашниот состав, но така не мислеше Чичарито кој го намали резултатот во 65 минута со погодок со глава, за пет минути подоцна во 70 минута гостинскиот дефанзивец Серж Орие да направи непромислен старт за вторт жолт картон и нова надеж за домаќините да направат нешто повеќе.  Фудбалерот повеќе во поле го искористија во 87 минута кога по нафрлувањето на Мусаку интернационалецот од Сенегал Кујате шутираше под пречката на Јорис, но на крај се покажа само за минимален пораз на овој натпревар и нов притисок кон Славен Билиќ и неговото останување на менаџерското место во Вест Хем.

Предраг Јанчески